fbpx

Владата го презеде управувањето со колекторскиот систем на Охридското езеро

-

Советот на општина Охрид на денешната седница ја донесе одлуката за поделба на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ – Струга и за присоединување на неговите досегашни надлежности за Охридското езеро кон новоформираното претпријатие во државна сопственост „Колекторски систем“.

Ваквата одлука на општинските советници доаѓа по одлуката на владата од пред десетина дена за инвестирање на 183 милиони денари за санација на колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро.

Државното претпријатие „Колекторски систем“ од „Проаква“ ќе ги преземе вработените во работната единица „Колектор“, со што владата во иднина ќе управува со колекторскиот систем на Охридското езеро.

Општинските советници од Охрид на денешната седница ја прифатија одлуката МЈП „Проаква“ да се дели со комбинирана поделба, преку раздвојување со основање и раздвојување со преземање на ова претпријатие. Само еден од охридските советници беше воздржан за донесената одлука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...