fbpx

Фетаи: Најважно е предметите на СЈО да продолжат, без разлика кој ќе ги застапува

-

Не е битно дали ќе гони Фатиме, Вилма или некоја трета Костадинка, но е битно тој што се огрешил пред законот да се соочи со последиците од дејствијата кои што ги има преземено, изјави денеска пред Кривичниот суд, обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи.

– Мислам дека во моментов не треба да не интересираат ситници и моментни настани. Сепак, треба да ја гледаме онаа поголемата слика односно повисоката цел. Тоа е во моментов да изнајдеме начин да не дозволиме односно да спречиме тие што се огрешиле пред законот да не одговараат – нагласи Фетаи.

Според нејзе, каква и да е крајната одлука која што ќе биде донесена во однос на судбината на предметите на СЈО, најважно е тие да продолжат без разлика кој ќе ги застапува.

– Независно од тоа дали ќе биде одлуката дека ние ќе продолжиме да ги застапуваме тие предмети или пак други обвинители, сепак таа одлука би било подобра од кое било друго решение кое што го посакуваат одредени политичари во моментот, а тоа е преку вешто искористување на одредени правни празнини и злоупотреба на нивната политичка моќ да дојдат до решение кое што ќе значи целосно или делумно одбегнување на кривичната одговорност – додаде Фетаи.

Оваа изјава на Фетаи следува откако Катица Јанева вчера достави полномоштво со кое обвинителите се овластуваат да ги предадат на Јавното обвинителство предметите кои се водат во СЈО и тоа кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...