fbpx

Катица Јанева ќе оди во домашен притвор пред почетокот на судењето за „Рекет“

-

Апелациониот суд Скопје го прифатил барањето на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева за затворскиот притвор во Шутка да ѝ биде заменет со домашен притвор, јавува телевизија „Телма“.

Ваквата одлука доаѓа на само неколку дена пред 3 декември, за кога е закажан почетокот на судењето во Основниот кривичен суд – Скопје на Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец, кои се обвинети за рекетирање во предметот „Рекет“ на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Поранешната претседателка на СЈО, Катица Јанева беше притворена речиси три месеци. На 21 август годинава беше однесена во затворот „Шутка“ поради обвинение за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...