fbpx
Таг: одлука

таг: одлука

Катица Јанева одлучила да не ги изземе Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева донела одлука да не ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3“, пренесуваат медиумите сите повикувајќи се на неофицијални извори од СЈО. Писмената одлука на шефицата на СЈО денеска е испратена до скопскиот Кривичен суд. Одлуката на Катица Јанева доаѓа откако утрово адвокатот на одбраната Еленко Миланов во предметот „Титаник 3“...

ДОМ: По три години, победа над рударското лоби за Иловица

ДОМ се задоволни од одлуката на Министерството за економија да не издаде одобрение за експлоатација во рудникот Иловица. Според нив, ова е победа на екологистите од Струмичко, но и од целата земја, над моќното рударско лоби. „Ова е победа на аргументите за здрав живот и здрава животна средина, над профитот на група луѓе. ДОМ застана против опасните рудници со цијаниди...

Влада: Исполнети се законските услови за одземање на концесијата на „Еуромакс“ за Иловица

Министерството за економија на денешната седница на владата информираше дека се исполнети законските услови за донесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на „Еуромакс рисорсис“, информираат од владата. Во информацијата која што денеска пред Владата ја презентирало Министерството за економија, било утврдено...

Заев: Консензуална одлука во ЕУ има, не подоцна од октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите

На Советот на министри на ЕУ на писмено добивме правно-формална гаранција дека не подоцна од октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Нема можност да се донесе ваква одлука без сите земји да бидат согласни што значи дека има консензуална одлука, одговори денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата. „Заклучокот е сериозна порака и апсолутна...

Бензинот „еуросупер БС-95“ поскапува, цената на другите горива останува иста

Бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 67 денари за литар. „еуросупер БС-98“ ќе продолжи да се продава за 69, а „еуродизел“ за 60 денари. Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на...

По средбата Меркел – Заев: Во септември одлука на Бундестагот за одобрување на старт на преговорите

Канцеларката Ангела Меркел информирала дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата, соопштуваат од Влада за средбата на делегацијата на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот за европски прашања Бујар Османи и министерот за...

Врховниот суд им го укина притворот на Камчев, Панделески и Јосифовиќ

Врховниот суд одлучи и им го укине куќниот притвор на осомничените во случајот на СЈО „Империја“, Орце Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ. Пасошите на Камчев, Јосифовиќ и Панделески се во Основниот суд Скопје 1. За нив не одлучува Врховниот суд. Тие засега остануваат како мерки за обезбедување присуство, а дали осомничените ќе бараат враќање назад сè уште не се...

Владата донесе одлука 14 и 15 февруари да бидат денови на жалост

Владата на вонредна седница донесе одлука 14 и 15 февруари да бидат денови на жалост поради тешката сообраќајна несреќа која се случи на патниот правец Скопје - Тетово. Премиерот Зоран Заев по завршување на седницата соопшти дека бројката на загинати се зголеми на 14, а шестмина се борат за живот. „Автобусот се движел на релација Скопје-Тетово, несреќата е кај село Ласкарци. Неутврдени...

СДСМ одлучи да не оди на предвремени парламентарни избори

Извршниот одбор на СДСМ одлучи да нема предвремени парламентарни избори, заедно со претстојните претседателски избори, како што бараше опозицијата. Портпаролот Костадин Костадинов по завршување на седницата синоќа изјави дека, граѓаните бараат резултати во економијата, реформите и интеграциите. „Државотворна партија на која на прво место и се интересите на граѓаните и државата не мисли на предвремени избори дури и кога рејтингот...

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 2,5 до три денари по литар

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 2,5 денари за литар и новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 58,5, а на „еуросупер БС-98“ 60,5 денари за литар. Дизел горивата поевтинуваат за три денари за литар. Новата малопродажна цена на „еуродизел“ е...

Апелација ги одби жалбите на Јанакиески и Божиновски за укинување на притворот

Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по вчерашните јавни седници, денеска одлучи да ги одбие жалбите на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски на мерките притвор во траење од по 30 дена за предметот на СЈО „Титаник“. „Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни седници, донесе одлуки со кои жалбите на обвинетите Миле Јанакиески од Скопје и Кирил...

Хан: Очекувам издржано објаснување од Орбан за одобрувањето на азилот на Груевски

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан изреагира на вчерашната одлука на Унгарија да му додели азил на Груевски, како што се пофали на Фејсбук поранешниот премиер. Хан порача дека ако е навистина така, ќе очекува издржано објаснување од унгарскиот премиер Виктор Орбан за основите на таквата одлука. „Слушнав за извештаи за одлука на Унгарија да му...

Судбината на рудникот Иловица ќе се решава во договор со сите заинтересирани страни

Владата нема да донесе одлука која е на штета на интересите на граѓаните на Македонија. Тоа значи дека нема да се донесе одлука за судбината на рудникот Иловица се додека не се усогласат ставовите на сите засегнати страни. Вака ја образложи позицијата на македонската Влада портпаролот Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со нерешениот статус на концесијата на...

Мицевски очекува собраниското мнозинство да го прифати законот за амнестија

Ќе настапуваме како една пратеничка група, постоењето на повеќе групи не наиде на она што очекувавме, наидовме на непочитување на деловникот и не давање можност да се искаже сето она што требаше, рече новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Тој додаде дека од поодамна било планирано прегрупирање од десет во една група, а официјално утре ќе го...

Општина Прилеп ќе формира претпријатие за гасификација

Општина Прилеп ги интензивира активностите за гасификација на градот. На последната 20 седница на Советот е донесена одлука, Општината да биде основач на Jавно претпријатие за енергетски дејности „Енерго Прилеп“. Ова јавно претпријатие ќе се грижи за реализација на проектот за гасификација на градот. „Постапката за формирање на јавно претпријатие е подолга, во периодот кој претстои ќе имаме обврска да...

Бошњаковски: Владата очекува да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција поврзана со одлуките од синоќешната 93. владина седница ги повтори очекувањата на Владата за постигнување двотретинско мнозинство за уставните измени, за што денеска, собраниската Комисија за уставни прашања, треба да ја отпочне расправата по предлогот за потребата од уставни измени поднесен од Владата. Тој најави дека воведно обраќање на Комисијата ќе има...

Лидерите да ја почитуваат и да ја спроведат одлуката на граѓаните, порача Хан

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан на социјалната мрежа „Твитер“ оцени дека гласовите „за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа. „Им честитам на оние граѓани кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното „да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на...

Уставните судии расправаат за уставноста и законитоста на референдумот

Уставниот суд ја почна седницата на која треба да се одлучува за уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година. На седницата присуствуваат претставници на политичката партија „Левица“ и од Светскиот македонски конгрес, кои се подносители на иницијативите, а судија известител е Елена Гошева која го образложува предметот. Подносителите...

Уставен суд ќе одлучува за референдумот

На денешната седница Уставниот суд треба да се произнесе за иницијативите за референдумот што ги поднесоа „Левица“ и  Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за референдумот и времено да бидат стопирани активностите поврзани со него. Подносителите сметаат дека одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот, Законот за референдум и, како и со воспоставените европски...

Уставен суд на 19 септември ќе одлучува за уставноста на одлуката за референдум

Судиите од Уставниот суд следната недела на 19 септември на закажаната седница со почеток од 9.30 часот ќе ги разгледуваат инцијативите за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум донесена од Собранието на 30 јули оваа година. Девет уставни судии треба да одлучат дали ќе поведат постапка за оценка на уставноста на Одлуката за референдум која...

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет за компанијата се „напредни производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан. Лејк...