fbpx

Хан: Очекувам издржано објаснување од Орбан за одобрувањето на азилот на Груевски

-

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан изреагира на вчерашната одлука на Унгарија да му додели азил на Груевски, како што се пофали на Фејсбук поранешниот премиер. Хан порача дека ако е навистина така, ќе очекува издржано објаснување од унгарскиот премиер Виктор Орбан за основите на таквата одлука.

„Слушнав за извештаи за одлука на Унгарија да му даде азил на Никола Груевски. Ако се потврди, ќе очекувам издржано објаснување за причината за одлуката од Виктор Орбан“, напиша Хан на Твитер.

 

Еврокомесарот појасни дека е изненаден што Унгарија доделува азил на Груевски и со тоа ја прогласува Македонија за небезбедна земја, а во исто време, поддржува зачленување на земјата во ЕУ. „Владењеето на правото останува темелен принцип за земјите-членки и за кандидаттките за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа. Изненаден сум што Унгарија поддржува зачленување на Македонија во ЕУ, но не ја смета за безбедна“, дополни Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...