fbpx
Таг: одлука

таг: одлука

Студенчишкото блато во Охрид на чекор да го добие статусот Парк на природата

На вчерашната 45-та седница, Советот на Општина Охрид ја изгласа предлог-одлуката за предлагање на прогласување на заштитеното подрачје Студенчишко блато во категорија Парк на природата. На вчерашната седница претходно беше донесен предлог-заклучокот за усвојување на информацијата за изготвената Студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје. Според студијата се предлага реставрација на Блатото и обновување...

Од денеска до 4 август во Грција ќе може да се влезе само преку граничниот премин „Евзони“

Грчките гранични премини „Ники“ и „Дојрани“ ќе бидат затворени за патнички и за товарен сообраќај во периодот од 22 јули (среда), од 00.00 часот, до 04 август 2020 (вторник), соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од, и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да...

Антикорупциска ја запре постапката за избор на ректор на УКИМ

На денешната 35 седница Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го запре предметот оформен по сопствена иницијатива за постоење на сомневање за прекршување на член 8 од Изборниот законик, во постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје. Комисијата утврдила дека поради состојбата со корона вирусот, нема основни услови за доставување на уредбата до...

Германија донесе закон за напуштање на јагленот како гориво и затворање на нуклеарките

Германскиот парламент донесе закон за напуштање на јагленот како гориво во енергетиката, според кој најдоцна до 2028 година ќе се затворат сите постројки за производство на енергија од јаглен и од други фосилни горива, а нуклеарните електрани би требало да бидат затворени до 2022 година. За поддршка во преодниот период, до остварувањата на ниско или на нулта ниво на емисии...

ЕУ денеска ги отвори границите за 15 држави од светот, Македонија не е на списокот

Советот на ЕУ денеска ја усвои препораката за укинување на привремените ограничувања за патување во Европската Унија за граѓани од 15 држави од светот, каде здравствената состојба со корона вирусот се смета за доволно безбедна за тие слободно да можат да патуваат во државите на ЕУ. Притоа, се потенцира дека таа нема законски карактер и земјите-членки самите се одговорни...

Бензинот ЕУРОСУПЕР-95 од ноќеска ќе поскапи за 1,5 денари, дизелот и ЕУРОСУПЕР-98 за денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,98 отсто, во однос на цените донесени на 8 јуни годинава. Според денешната одлука, од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува...

Владата го стави во мирување изборот на нов ректор на УКИМ поради корона вирусот

Владата на вчерашната седница одлучи да го стави во мирување изборот на нов ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје по реакциите што беа упатени од дел од кандидатите за избор на оваа функција и од Независниот академски синдикат (НАКС). Владата го допрецизираше членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, со кој се предвидува на органите...

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба за уште две недели

„Имајќи го предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица, во текот на денешниот ден ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба, која ќе започне да важи од утре. Сакам посебно да нагласам дека одлуката е поврзана исклучиво со намерата да и се овозможи на владата и на останатите надлежни...

Малолетниците и повозрасните од 67 години ќе имаат право да се движат како и другите граѓани, одлучи Уставен суд

Уставниот суд контра препораките на Комисијата за заразни болести. Судиите на денешната седница времено ја запреа одлуката за посебен режим за движење на лицата помлади од 18 години и на повозрасните од 67 години, која што Владата ја донесе заради заштита од корона вирусот. Со оваа одлука на Судот, овие категории ќе можат да се движат како и останатите...

Втората вонредната состојба од Пендаровски за уставните судии не е спорна

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба, се наведува во соопштението на Уставниот суд. Станува збор за втората по ред вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски во април, а која што сè уште трае. Уставните судии со мнозинство гласови одлучија дека одлуката...

Џамиите денеска ги отворија вратите за верниците

Исламската верска заедница, ИВЗ, од денеска реши да ги отвори џамиите за верниците, и покрај досегашните апели на надлежните за преиспитување на оваа одлука, поради пандемијата на корона вирусот. ИВЗ отворањето на џамиите на 12 мај, го најави минатата недела на вонреден состанок, кој се одржа по масовната литија во Струга, за празникот Св. Ѓорѓија. Од таму информираа дека одлуката...

Денеска и утре полицискиот час ќе трае од 19 до 5 часот

На вчерашната владина седница, донесена е одлуката за скратување на полицискиот час за време на викенд. Денеска и утре граѓаните ќе може да се движат во периодот од 5 до 19 часот. Според одлуката, во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67...

Студентите од државните студентски домови нема да плаќаат партиципација за првите 11 дена од март

Сите студенти кои користат легло во студентските домови во Скопје, „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Гоце Делчев“ нема да плаќаат партиципација за сместувањето и исхраната во домовите за месец март 2020 година. Оваа одлука ја донесе управниот одбор на Државниот студентски центар „Скопје“ и се однесува на периодот од 1 до 11 март, кога стапи и одлуката на Влада...

Планинарската федерација до Димковски: Забраната за движење по шуми е избрзана, повлечете ја

Претседателот на Федерацијата на планински спортови, Јовица Угриновски упати отворено писмо до министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Трајан Димковски по повод вчера донесената забрана за движење по шумите, поради наводно зголемената опасност од појава на шумски пожари. „Вашата одлука е избрзана, неоправдана и нерационална не само од аспект на причините што Вие ги наведувате, туку и од здравствен аспект,...

Владата од утре воведува полициски час, од 21 часот навечер до 6 наутро

Вечерва на седница на Владата донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот, информираше премиерот Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-профил. „Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните...

Можно е воведување на карантин во Дебар и Центар Жупа, поради спречување на ширење на корона вирусот

Владата препорача дополнителни мерки за заштита од ширење на коронавирусот во општина Дебар и Центар Жупа. Министерството за здравство ќе објави соопштение за можноста од воведување карантин на територијата на општините Дебар и Центар Жупа. „Во однос на новонастанатата ситуација и локалната трансмисија со ширењето на болеста COVID-19 на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, се задолжува Министерството за...

Жбогар се надева дека конечно ќе има одлука за старт на преговорите со ЕУ

Северна Македонија ја заврши својата задача и сега на ред се земјите членки, но мислам дека ѕвездите се местат и се надеваме конечно да видиме одлука за старт на преговорите за членство, изјави амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар во интервју за ТВ „24“ „Вашата земја ја заврши својата задача, спроведувајќи ги сите реформи, вклучително и усвојувањето на Законот...

ЕСМ бара, а владата ќе одлучи дали Попова Шапка ќе се продаде или ќе се даде на јавно приватно партнерство

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) бара дозвола од македонската влада за за да се воспостави јавно - приватно партнерство за развој на зимско - рекреативниот центар „Попова Шапка“, меѓутоа оваа информација беше првично обелоденета од еден вработен на оваа компанија и член на опозициската партија ВМРО - ДПМНЕ, пренесува „Порталб.мк“. Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, вчера конечно го објави барањето...

Избран старо-новиот Надзорен одбор на МРТ со пет години мандат и по 400 евра плата

Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана на 6 февруари го избрал новиот Надзорен одбор на МРТ со мандат од пет години. Како што се наведува во одлуката објавена на веб-страницата на МРТ, мандатот на членовите на Надзорниот одбор на МРТ започнува на 5 март. Дел од избраните членови на Надзорниот одбор и досега членуваа во органот на јавниот...

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за намалување на цената на горивата кои поевтинуваат во просек за 2,41 проценти. Бензинот „еуросупер БС-95“ и „еуродизел“ поевтинуваат за половина денар, па така ќе изнесуваат 65,50 денари за литар и 57,50 денари за литар. „Еуросупер БС-98“ поевтинува за еден денар и половина и новата цена ќе изнесува 67,50 денари. РКЕ ја утврди новата цена...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...