fbpx

Бензинот ЕУРОСУПЕР-95 од ноќеска ќе поскапи за 1,5 денари, дизелот и ЕУРОСУПЕР-98 за денар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,98 отсто, во однос на цените донесени на 8 јуни годинава.

Според денешната одлука, од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува 59,50 денари за литар. Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) во малопродажба ќе бидат повисоки за 1 денар за литар и според тоа од вечерва на полноќ, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 61,50 денари за литар, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 51 денар за литар и литар екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 40 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 денари за килограм и ќе изнесува 24,886 денари за еден килограм.

РКЕ информира дека референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар, во споредба со изминатиот седумдневен период, бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 8,254 отсто, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 6,666 отсто, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за околу 7,820 отсто, а кај мазутот има зголемување во просек за околу 3,479 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,206 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....