fbpx

Владата од утре воведува полициски час, од 21 часот навечер до 6 наутро

-

Вечерва на седница на Владата донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот, информираше премиерот Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-профил.

„Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!
Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата,“ напиша Спасовски.

На вечерашното вонредно обраќање, Спасовски додаде дека забраната не важи за лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, кои се во живото-загрозувачка состојба или ако имаат потреба од дијализа. По медицинскиот преглед треба да се достави оправдание до припадниците на полицијата од страна на придружните лица со болните, кои максимум треба да бидат двајца.

Директорите на јавните здравствени установи треба да достават список на вработени кои ќе имаат потреба да се движат за да им бидат издадени пропусници.

Забраната на движење не ги опфаќа припадниците на МВР, АРМ, пожарникарите и вработените во комунална хигиена.

Надлежните институции треба да одредат кои аптеки ќе бидат дежурни и од Владата препорачаа тоа да бидат оние кои се во близина на дежурните здравствени институции.

Јавниот превоз исто така се укинува за време на полицискиот час, а од Владата препорачаа да се намали бројот на патници за 50 проценти. Тие што го користат јавниот превоз да бидат со маски и ракавици и да држат растојание.

Ограничување на бројот на возила се бара и од такси службите и тие може да возат само до аптеки и здравствени установи.

Вработените во ЕВН, ЈП „Водовод и канализација“, телекомонукациските оператори ќе може да се движат за време на полицискиот час, но со претходна најава во МВР на 192.

Од Владата препорачаа фабриките да го прилагодат работното време според најновите препораки. Останува да важи забраната за собирање на над пет лица за време на 24 часа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...