fbpx

Со музика, поезија и хумор Албанците “се борат”со домашната изолација

-

Поминаа неколку денови од препораката на владата во врска со домашното изолирање, и додека оваа изолација, голем дел од светот го турна во стрес и болка, истото не се случува со Албанците кои по сé изгледа дека и при вакви случаи ја користат креативноста да се борат со секаква негативна појава што може да се појави како последица на овој вирус и домашната изолација, известува „Порталб.мк.

Со музика објавија и војна на монотонијата и недостигот на ноќи во текот на пандемијата

Вулнет Незири, Јехона Шаќири, Шпат Дедаи многу други пејачи деновите на домашна изолација ги поминуваат забавувајќи ги луѓето преку социјалните мрежи фејсбук и инстаграм. Ги имаме видено најмалку неколку пати неделно како се вклучуваат директно и да одржат по некој бесплатен концерт за сите нивни следбеници.

Зборувавме со Вулнет и тој, директното вклучување и одржувањето на концертот на Инстаграм во тешки времиња како оваа на корона пандемијата, го оценува како душевна потреба која му се исполнува во моментите кога гледа дека луѓето се забавуваат.

Една од причините поради која јас се занимавам со музика е и мојата желба да ги забавувам луѓето, сега забележувам дека во текот на моето искуство како пејач ваквата желба е претворена во потреба. Затоа, во кризни времиња како оваа со коронавирусот сметам дека сите ние треба да го дадеме најдоброто од нас со цел целата оваа трагедија да ја надминеме што подобро, забавувајќи се едни со други на сите можни начинирече Вулнет Незири, пејач.

Неколку биолози ја проучиле музиката и дошле до заклучок дека таа има многу силно влијание врз нашиот мозок, тело и емоции, и помага на нашето ментално здравјекако и има сила да манипулира со нашите емоции, така помагајќи ви да ги поминете низ тешки фази што полесно.

Многу често е дискутирано за тоа како прекинот на образовниот процес поради коронавирусот ќе влијае врз луѓето, за да не се откажат целосно од книгите, неколку девојки од Тетово започнаа кампања која има за цел да се зголеми читаноста кај луѓето за време на домашната изолација.

Гентина, една од идејните креатори на оваа кампања ја нагласи важноста на читањето, и оваа кампања според неа освен тоа што е забавна има и други придобивки, како психички така и едукативни, а ова е една од причините што ја поттикнаа неа на ваков чекор.

Земајќи го во предвид фактот дека сме во прилично стресна состојба, во разговор со моите пријатели дојдовме до заклучок дека единствениот начин да добие нешто од чувството на секојдневното 24 часовно седење по дома, би било преку читање. Со помошта на Клубот за книги во Тетово, денес започнавме кампања преку која луѓето можат да ги изразат нивните сугестии и мисли за разни книги и филмови што им оставиле впечаток а потоа истите заеднички да ги коментираме, и на овој начин, сите ќе добиеме по нештоистакна

За нашите читатели, таа предложи три книги и тоаЗлосторство и Казнана Достоевски, “Табло на Умотна Неџуа ЗебианиЛетачот на Змејовина Калед Хосеини.

Инаку, неколку  светски студии објаснуваат дека читањето има моч да го намали стресот, да спречи разни ментални болести како алцхајмер, читањето ја зголемува емпатијата и емоционалната интелигенција и така натаму.

Групата Карантинна фејсбук има само едно правило, да не се споделуваат лажни вести.

Еден од проблемите што се појавиле паралелно со коронавирусот се и лажните вести по однос на вирусот, кои предизвикуваат паника, страв и вознемирување кај граѓаните со тоа создавајќи чувство на несигурност за нивното здравје.

За да се бори против ова, Арианит Џафери создаде фејсбук група која сега брои повеќе од 1,000 членови има за цел да им помогне на луѓето за време на самоизолацијата, карантинот и вонредната состојба преку споделување на точни и потврдени информации, понекогаш и со зачинети елементи за да се креира што попријатна атмосфера за членовите на групата.

Ја создадов оваа група и за многу кратко се достигна бројката од 1000 членови. Идејата на групата е да им се помогне на луѓето во текот на самоизолацијата, карантинот и вонредната состојба која преовладува во земјите од регионот. Членовите споделуваат различни информации, вклучувајќи медицински податоци за CoVid19, начините како да се заштитиме, што може да го помогне или да ја спречи поддршката, но исто така во оваа група можете да предложите наслови на книги, филмови, серии за да се забавуваат членовите и нивните семејства”, рече Арианит Џафери.

ИнакуСветската Здравствена Организација (СЗО) сега веќе почнала да работи во правец на спречување на лажните вести во врска со коронавирусот, и за тоа оваа организација ќе соработува со сите платформи на социјалните мрежи.

Инаку, пред два дена Владата на Северна Македонија прогласи вонредна состојба, која што првин е предвидено да потрае 1 месец а за овој временски период, препораките како од Владата така и од лекарите се да се минимизира непотребното излегување од дома заради можноста од зараза од коронавирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.