fbpx

ЕСМ бара, а владата ќе одлучи дали Попова Шапка ќе се продаде или ќе се даде на јавно приватно партнерство

-

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) бара дозвола од македонската влада за за да се воспостави јавно – приватно партнерство за развој на зимско – рекреативниот центар „Попова Шапка“, меѓутоа оваа информација беше првично обелоденета од еден вработен на оваа компанија и член на опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ, пренесува „Порталб.мк“.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, вчера конечно го објави барањето на неговото друштво, сопственик на компанијата „ЕЛЕМ Турс“, која управува со Попова Шапка. Тие бараат од Владата овој туристички центар да се продаде или да се даде на јавно – приватно партнерство, и ова го базираат на препораката на консултантите од PWC, кои им ги изработија студиите.

– Физибилити студијата за Попова Шапка ја изработи една од покредибилните компании, која што ги даде овие предлози. Имавме три можности, едната беше традиционалниот начин или продажба на истата, другата беше јавно – приватно партнерство и последното беше ние како компанија да вложуваме. А.Д. ЕСМ е компанија која има други приоритети во фокус, токму поради оваа причина ние како управувачки одбор доставивме предлози до Владата на Република Северна Македонија да ги разгледа можностите за продажба на локацијата или формирање на јавно – приватно партнерство. Во следните денови очекуваме да излеземе со информација за тоа што ќе се случи понатаму со овој туристички центар – рече директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

„Порталб.мк“ веќе неколку дена чека одговор од македонската влада за тоа кога ќе се донесе одлука и на која седница ќе се дискутира за Попова Шапка.

Тајна и нетранспарентна постапка

„Порталб.мк“ со години го третира прашањето за иднината на зимско – рекреативниот центар „Попова Шапка“. Веќе десетици написи се направени за запоставеноста на овој скијачки центар. Станува збор за тема од исклучителен јавен интерес, па затоа е неопходно транспарентноста при донесувањето на одлуките за Попова Шапка да претставува минимум што може да го добијат јавноста и медиумите во името на таа јавност.

Уште од нарачката на анализите со кои се одредува судбината на Попова Шапка па сѐ до денес, македонската влада, А.Д. ЕСМ и ЕЛЕМ Турс ни даваа различни информации за овој процес. Трите страни систематски ни даваа информации за анализите, а во информациите преовладуваа изразите “го доставивме“ и “не сме го добиле“, за тоа кога фактички е доставен и примен предлогот од ЕСМ.

Конечно, членот на партијата ВМРО-ДПМНЕ Ивица Томовски, кој е вработен во ЕСМ, на прес – конференција ја откри оваа одлука на ЕСМ испратена до Владата.

Одлуката на Управниот одбор на ЕСМ

Томовски ваквата одлука ја нарекува конечна, што според директорот на ЕСМ, сè уште не се случило. Како резултат на оваа изјава, се создаде бран дезинформации во разни македонски и албански портали и на социјалните мрежи. А, причината за тоа е фактот што ниту Владата, ниту ЕСМ и ЕЛЕМ Турс не се транспарентни на оваа тема.

Според Менан Мемеди, поранешен директор на „Попова Шапка“, продажбата на овој туристички центар не е лоша идеја, но не може да се случи без консултација со граѓаните. Тој посочува дека ексклузивното право за одлучување за овој туристички центар не може да го има ЕЛЕМ Турс.

– Од трите алтернативи споменати во физибилити студијата, според мене, една од нив, како што е управувањето со ЕСМ, со ова одморалиште треба да се отфрли уште од почеток, бидејќи тие ја имаа оваа можност и потфрлија. Иако верувам дека јавно – приватното партнерство би било најдоброто решение за овој проблем, бидејќи тоа исто така ќе им овозможи на нашите луѓе да работат за овој центар. Како и да е, продажбата на центарот не е лоша идеја, но треба да се напомене дека таков чекор не може да се преземе без да се разговара со тетовчани, ексклузивноста за судбината на Попова Шапка им припаѓа на граѓаните, а не на ЕЛЕМ, затоа што значителен дел од земјиштето во овој центар е имот што им припаѓа на жителите на околните села – рече Менан Мемеди за „Порталб.мк“.

Инаку, продажбата на овој туристички центар ја најави поранешниот премиер Зоран Заев, бидејќи според него државата потфрлила во управувањето со овој туристички центар, затоа што, како што рече, „државата е лош менаџер и не ги знае сите аспекти на туристичката понуда“.

Физибилити студијата за Попова Шапка ја спроведе компанијата PWC, по налог на ЕЛЕМ Турс. Барањето за ваква студија е донесено од македонската влада, со цел да се одлучи за судбината на Попова Шапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...