fbpx

Можно е воведување на карантин во Дебар и Центар Жупа, поради спречување на ширење на корона вирусот

-

Владата препорача дополнителни мерки за заштита од ширење на коронавирусот во општина Дебар и Центар Жупа. Министерството за здравство ќе објави соопштение за можноста од воведување карантин на територијата на општините Дебар и Центар Жупа.

„Во однос на новонастанатата ситуација и локалната трансмисија со ширењето на болеста COVID-19 на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, се задолжува Министерството за здравство, во соработка со центрите за јавно здравје, да преземе дополнителни мерки за заштита од ширење на овој вирус, односно да се мобилизираат медицинските екипи со епидемиолог од Охрид и еден инфектолог или доктор (или инфектологот кој е во работен однос во бањите Цапа да се стави во служба и за потребите на центрите за јавно здравје). За овие мерки да се достави извештај до крајот на денешниот ден, со цел Министерството за здравство да објави превентивно соопштение на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, за можноста од воведување на карантин,“ се вели во во заклучокот од Владата.

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во текот на вчерашниот ден преку своето подрачно одделение во Дебар се вклучила во работата на Оперативниот штаб, што беше формиран за справување на терен против ширење на коронавирусот.

Во соопштението на Дирекцијата се наведува дека таа со свој тим и комплетна опрема, возила со пумпи за дезинфекција и целосна опрема за РХБ заштита делувала на терен.

Оваа мерка следува бидејќи најголем број од заразените се од Дебар, односно седум случаи од вкупно девет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...