fbpx

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба за уште две недели

-

„Имајќи го предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица, во текот на денешниот ден ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба, која ќе започне да важи од утре. Сакам посебно да нагласам дека одлуката е поврзана исклучиво со намерата да и се овозможи на владата и на останатите надлежни институции поефикасно да се справуваат, пред се со здравствените, но и со економско социјалните ефекти од пандемијата и нема никаква корелација со датумот на парламентарните избори, што е предмет на договарање во поинаков политички формат и по сосема други комуникациски канали, различни од Советот за безбедност “, изјави претседателот на државата, Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот за безбедност, посветена на вонредната состојба воведена заради заштита и справување со епидемијата со корона вирусот.

Тој потсети дека јавноста е информирана за зголемениот број на новозаболени и на починати граѓани во последниве денови, како и дека во најголемиот број од општините, ситуацијата е стабилна, но за неколку општини постои сериозна загриженост.

Пендаровски упати три пораки, до граѓаните, до Владата и до политичките партии.

На граѓаните им се заблагодари што веќе трет месец дисциплинирано и совесно ги почитуваат препораките за заштита на своето здравје и на своите најблиски, но со апел, да не се опуштаат и да ги доведат во прашање сите позитивни резултати во борбата со пандемијата. Пораката до владата е, негативните трендови во некои општини да не бидат повод да се враќаат рестриктивните мерки на целата територија и кон сите граѓани.

„Надлежните органи и министерства мора да ги санкционираат сите граѓани кои не ги почитуваат мерките, без исклучок, неселективно, сосема независно од нивната етничка и верска припадност. Со неказнувањето, се остава простор за враќања на кризата на самите почетоци и крајно е неправедно, поради тоа, сите останати да ги трпат рестриктивните мерки, иако за сето време ги почитувале и законите и препораките“, рече Пендаровски.

Пораката до политичките лидери кои учествуваат на т.н. лидерски средби е, поради тоа што државата нема парламент, има техничка влада со лимитирани овластувања,  сите тие да бидат на висина на историска одговорност и да се договорат за датумот на следните парламентарни избори.

„За да добиеме институции со полн капацитет и политички легитимитет, државата едноставно не може и не смее со месеци да функционира само ако има воведена вонредна состојба“, додаде Пендаровски.

 

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...