fbpx
Таг: одговорност

таг: одговорност

Спасов го урна „Твитер“: Диме, тебе мoже сaмo мaјкa ти дa те бркa бoрaнијa дa јaдеш

Корисниците на социјалните мрежи изминатите три дена се инспирираа од сообраќајните несреќи што ги предизвика дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, и настаните што следуваа откако тој во петокот вечерта ѝ избега на полицијата. Корисниците на „Твитер“, освен што правеа шеги на негова сметка, побараа и одговорност и оставка. https://twitter.com/parg0/status/792612244496453632 https://twitter.com/ArslaJeMeniBog/status/792458232115695616 https://twitter.com/VlatkoVasilj/status/792396319864262663 https://twitter.com/SuperExtraBonus/status/792392461251387392 https://twitter.com/Mnemosynee_/status/792383954863132673 https://twitter.com/Giotto_mkd/status/792303545081012224 https://twitter.com/TheSpirkoski/status/793064598953979905 https://twitter.com/dimanovski/status/793004381058859008 https://twitter.com/bocbocbuc/status/792800504174768129 https://twitter.com/ADojranliev/status/792788087252410368 https://twitter.com/kalakurnica/status/792736134547857412 https://twitter.com/seirdotmk/status/792732815217594368 https://twitter.com/TipOdKarpos/status/792719028020191234 https://twitter.com/borisofskopje/status/792682712603787265 https://twitter.com/WillWallaceJR/status/792679621762420736 https://twitter.com/SuisajdMesija/status/792660794202816516 https://twitter.com/PavleBogoevski/status/792644303562702848 https://twitter.com/dackua/status/792508415314685952 https://twitter.com/mindplumber/status/792479718155153409 https://twitter.com/NikolaStrez/status/792479315329974276 https://twitter.com/atortevski/status/792457510041124864 https://twitter.com/MaximOvertroll/status/792427644025470976

Богоевски и Васиљ бараат Спасов да си поднесе оставка, а МВР да го расветли случајот

Граѓанските активисти Павле Богоевски и Влатко Васиљ денеска на прес-конференција го повикаа дополнителниот заменик-министер за социјална политика, Диме Спасов, да си поднесе оставка поради вчерашните случувања. Богоевски рече дека Спасов мора да одговара за своите постапки, како и лицата што му помогнале да го прикрие делото. - Нашиот систем не смее да продолжи да толерира прекршување на законите од тие што треба да ги...

СДСМ: Диме Спасов мора да понесе одговорност

Диме Спасов не смее повеќе да се појавува до нашите деца во градинките, во социјалните центри, ниту има повеќе морално право да говори за права и за одговорности на граѓаните, велат од СДСМ. „Овој човек, дополнителен заменик-министер за труд и социјална политика во Владата, возел пијан! Користел службено возило надвор од работно време, дури возилото не е од министерството каде што...

Шилегов: Спасов ќе мора да одговара за штетата од сообраќајката

„Оваа власт на Никола Груевски е опасна по живот и мора да замине. Секој нов ден со нив, загрозени се животите на нашите деца, нашите имоти и безбедноста на граѓаните“, обвини денеска Петре Шилегов на прес-конференција во близина на Агенцијата за катастар. - На ова место, синоќа Диме Спасов, дополнителен заменик-министер за труд и социјална политика, пијан, со службено возило...

ОЈО Скопје ѝ пиша на Јанева: Лажете и работите непрофесионално и неодговорно

Обвинителите од Основното јавно обвинителство Скопје денеска ѝ испратија отворено писмо на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со кое, како што велат, сакаат да го изразат своето незадоволство од нејзината работа и од „срамната непрофесионалност“ со која обвинителката ѝнаштетила на јавно-обвинителската професија. Тие во писмото велат дека Јанева, во последното појавување во јавноста, лажела во врска со начинот на кој биле...

Најмалку 59 лица се убиени во напад на полициска академија во Пакистан

Најмалку 59 лица се убиени, а повеќе од 100 се ранети во екстремистички напад во полициска академија на југозападот на Пакистан. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава. Во моментот кога напаѓачите влегле, во академијата имало меѓу 200 и 500 кадети. На местото на настанот пристигнале и безбедносните сили и полицијата и го обезбедиле местото, но внатре се слушале пукотници. Терористите влегле...

Заев: Прислушувањето е кривично дело и за тоа мора да се одговара

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на средба со граѓаните во Штип, одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку сведоци има СЈО, рече дека прислушувањето е кривично дело и дека мора да се открие кој прислушувал. „Јас сум Зоран Заев, човекот што ги поседуваше „бомбите“ и ги предаде на Специјалното јавно обвинителство. Да има сведоци макар за еден процент од...

Шилегов: Власта нема да избегне одговорност за последиците од поплавите

Раководните кадри на власта на ВМРО-ДПМНЕ во институциите, нема да избегнат одговорност за ужасните последици од поплавите, колку и да се обидуваат да бегаат. Тоа што цел ден се обидуваат да ја блокираат Надзорната расправа покажува до каде оди неодговорноста на овие луѓе, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој додаде дека поплавите на Скопје му се случија, бидејќи во 21 век делови...

Шилегов: Еден месец по поплавите, сè уште не се знае точниот број на жртви

Точно еден месец од поплавите до денеска, сè уште нема конечен биланс на жртвите за кои знаеме дека се најмалку 23, но ниту една институција не ги отфрли неофицијалните информации за неколкупати поголема бројка на загинати, а не се знае бројката на исчезнати, изјави денеска во Стајковци портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој рече дека граѓаните од поплавените места сè...

Работничката партија на Курдистан ја презеде одговорноста за нападот во Џизре

Работничката партија на Курдистан (ППК) ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад врз полицијата во градот Џизре, во кој загинаа најмалку 11 лица, а 78 беа ранети. Во соопштението на веб-страницата на ППК се наведува дека нападот бил одмазда за „континуираната изолација“ на нивниот осуден лидер Абдулах Оџалан и поради недостиг од информации за неговата здравствена состојба. Оџалан е во затвор на островот Имрали и...

СДСМ: Трајановски е одговорен за последиците од поплавите и мора да си даде оставка

Социјалдемократксиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска повторно побара оставка од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, поради катастрофалните последици од поплавите што го погодија Скопје на 6 август. Координаторот на советничката група на СДСМ во Град Скопје и потпретседател на партијата, Дамјан Манчевски, денеска на прес-конференција изјави дека постојат непобитни докази за одговорноста на Трајановски. Тој нагласи дека жртвите од поплавите на 6...

Собранието ќе расправа за одговорност за поплавите

Собранието го прифати барањето на пратениците од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за надзорна расправа во врска со одговорноста за хаосот со поплавите, соопштија од СДСМ. „Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината за ужасот од поплавата. Потфрлувањето на институциите е најголема причина за големите последици од поплавата. Одговорностите лежат во Владата на Република Македонија, министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство, транспорт...

СДСМ бара расправа во Собранието за пропустите во заштитата од поплави

Пратениците од пратеничката група на СДСМ во Собранието денеска побараа Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство да одржи надзорна расправа на која ќе се утврдат пропустите што надлежните институции и органите на власта ги направиле во врска со заштитата од поплави. Панче Орцев, пратеник од СДСМ и претседател на оваа комисија, денеска на прес-конференција, посочи дека и  по 17 дена од поплавите на 6...

Николовски побара кривична одговорност за неисчистените одводни канали

Неисчистените канали за одводнување на потегот Камник-Синѓелиќ-Стајковци-Брњарци и Арачиново покажаа дека невремето не може да биде оправдување за потфрлањето на институциите, изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски. Според него, „додека огромни суми на пари, преку програмата за рурален развој, на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица блиски на власта, каналите останаа неисчистени.“ „Злоупотреби со парите на граѓаните,...

СДСМ: Трајановски треба да одговара морално, политички и кривично

Опозициската СДСМ денеска преку соопштение порача дека градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски на скопјани им должи само оставка. Од партијата сметаат дека за Трајановски поважно било да ги слуша наредбите на Никола Груевски и да ги троши парите на граѓаните за криминални тендери, за раскош и луксуз, споменици, фонтани, барокни фасади, златни огради, панорамски тркала, луксузна резиденција, жални врби. „Коце треба...

Димовски: Нецивилизациски е во овој момент да се заборува за одговорност за поплавите

Илија Димовски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција во Собранието рече дека владејачката партија се приклучува на идејата за одржување на седница на Собранието за да се разгледаат можностите како дополнително да се помогне на граѓаните погодени од поплавите. Одговарајќи на новинарско прашање дали некој треба да преземе политичка одговорност за последиците од поплавите, Димовски, рече...

КОНТРАСПИН: Најмалку што треба да направи Трајановски, е да понесе морална одговорност

Во ситуација кога во Скопје се случи потоп и кога има над 20 жртви, крајно несоодветно е со невидена леснотија да се елиминира одговорноста во стилот „така сакал Господ“! Наместо да се турка спинерската приказна дека „природата била сурова“, најмалку што треба Трајановски да направи, е да ја напушти градоначалничката функција од морални причини, пишува „Вистиномер“. Градоначалникот на Град Скопје,...

ЛДП e разочаранa од односот на Груевски кон премиерот

Ливерално-демократската партија (ЛДП) денеска преку соопштение изрази сочувство до семејствата на жртвите од невремето што во саботата вечерта го зафати Скопје и околината, но и разочараност од однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при неговата посета на погодените подрачја. Од опозациската партија велат дека се загрижени поради големиот број на загинати во невремето и додаваат дека нивните општински организации...

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Ница

Агенцијата на Исламската држава „Амак“ објави дека војник на ИД го извел нападот во Ница, пренесуваат светските медиуми. Со оваа објава, речиси два дена по нападот во градот на Азурниот Брег, Исламска држава ја презеде одговорноста за смртта на 84 лица. Агенцијата „Амак“, цитирајќи „безбедносни извори“ од ИД, пренесе дека напаѓачот ја извел операцијата одговарајќи на повиците да се нападнат граѓаните...

СДСМ: Европската комисија точно ја лоцираше одговорноста за кратење на фондовите

Европска комисија точно го адресираше виновникот за кратењето на ИПА-фондовите во неспособноста и во немањето капацитет на Владата за спроведување на реформите, за кои постојано се алармираше преку меѓународни извештаи направени со скенирање на состојбите во Македонија, одговори членот на извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, на прашањето дали одлуката на Брисел за кратење на ИПА-фондовите е политичка. Според него,...