fbpx

Николовски побара кривична одговорност за неисчистените одводни канали

-

Неисчистените канали за одводнување на потегот Камник-Синѓелиќ-Стајковци-Брњарци и Арачиново покажаа дека невремето не може да биде оправдување за потфрлањето на институциите, изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски.

Според него, „додека огромни суми на пари, преку програмата за рурален развој, на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица блиски на власта, каналите останаа неисчистени.“

„Злоупотреби со парите на граѓаните, тешки три милиони евра, потврди и Државниот ревизор. На сомнителен начин парите завршиле во нечии џепови наместо за чистење на каналите. Парите за наводно исчистени канали ги добивале лица или фирми, само врз осова на барање и на документација, без притоа овластени контролори на Платежната агенција да ја проверат на терен фактичката состојба, да направат и да достават записник,“ додаде Николовски.

Тој потенцираше дека за овие злоупотреби поднеле и кривична пријава за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

„Јавното обвинителството за организиран криминал треба да се охрабри и да ги забрза постапките поврзани со оваа кривична пријава. Да беа исчистени и одржувани каналите за одводнување, катастрофата што ги зафати граѓаните од околината на Скопје ќе беше многу помала со многу помали последици,“ додаде Николовски и побара политичка, морална и кривична одговорност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...