fbpx
Таг: одговорност

таг: одговорност

СДСМ: Ќе има одговорност за палмите од 500.000 евра што завршија на депонија

Ќе има ревизија и одговорност за набавките на скапите палми од 500.000 евра што завршија во депонија, порачаа денеска од СДСМ. „Исушените палми од 500.000 евра што се најдоа на депонија, се класичен доказ дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во сè, па и во палмите, гледаат тендери за лично збогатување, и тоа во услови кога ја предизвикаа најголемата сиромаштија кај повеќе од...

СДСМ: Груевски мора да прифати дека е опозиција и мирно да ја напушти власта

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да прифатат дека се опозиција и достоинствено да ја напуштат власта, што ја узурпираат четири месеци, без дозвола на граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конфереција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски. „Лагите повеќе не поминуваат ниту кај граѓаните ниту, пак, кај меѓународната заеница којашто повика на разум во интерес на стабилноста...

Во првото тримесечје нема барања за утврдување одговорност на судија

Советот за утврдување на факти и поведување постапка за утврдување одговорност на судија во првото тримесечје од оваа година, односно во периодот од 1 јануари до 31 март 2017 година, примил вкупно 121 иницијатива за утврдување одговорност на судија, стои во првиот квартален извештај на Советот. Според извештајот, во вкупниот број на претставки и на поплаки, во јануари до Советот...

Хан: Нема време за губење, Иванов итно да ја преиспита својата одлука

Уште во наредните неколку дена бараме да видиме сериозно и одговорно државништво од страна на релевантните институции што треба да овозможат брзо формирање на нова и цврста коалиција, бидејќи тоа е единствениот пат за враќање на земјата на патот кон Европската Унија, што граѓаните на земјата го сакаат и го заслужуваат. Ова стои во заклучокот на заедничката изјава на еврокомесарот...

Кукан, Флекенштајн и Вајгл ќе препорачаат ЕП да го одложи донесувањето на извештајот

Ги повикуваме претседателот и сите политички партии да ја почитуваат демократската одлука на граѓаните на земјата и без понатамошно одложување да го прифатат секое договорено парламентарно мнозинство, се вели во заедничката изјава на тројцата европарламентарци Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл во врска со актуелните политички случувања во Македонија. - Како што неколкупати кажавме заедно со комесарот Хан, очекуваме...

ОМД ги повика пратениците да ја продолжат конститутивната седница на Собранието

Обединета македонска дијаспора (ОМД) ги повика македонските граѓани на разум и на одговорност, а пратениците да ја продолжат конститутивната седница во Собранието и таму да се дискутираат програмите за влада. „Нетранспарентните, тајните, многупати и со посредство на странски фактори изнудени политички решенија, само ѝ наштетија на младата македонска држава. Секое решение кое не е базирано на народното јавно мислење и на...

Во знак на солидарност со нападнатите колеги, „Мета“ нема да известува од протестите

Во знак на протест поради нападот врз нашите колеги од порталот „А1он“, но и поради континуираните вербални напади врз сите новинарските екипи, новинската агенција „Мета“, придружувајќи им се и на другите медиуми, нема да известува за денешните протести на иницијативата „За заедничка Македонија“, ниту во Скопје, ниту од другите градови. Доколку на протестите се случат насилства и нови напади,...

Без одговорност и отчетност на институциите нема демократија и добро владеење

Отвореноста и одговорноста на институциите се клучни за демократизација на општеството - е заклучокот од финалната конференција во рамките на проектот „Актион СЕЕ Вишеград“ - Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа, на тема „Патот кон добро владеење“, која се одржа денеска во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Јацек Мултановски, амбасадорот на Полска во Македонија,...

СДСМ: Градска болница не прима итни случаи поради расипан лифт

Втората по големина хируршка установа во Македонија, Градската болница Св. Наум Охридски во Скопје веќе 9 дена, не прима итни случаи, поради скандалозна причина - расипан бил лифтот, велат од СДСМ. -Во болницата има известувањето од директорката Јасминка Чабуковска до лекарите и до медицинскиот персонал, итните пациенти да се пренасочуваат во други здравствени установи. Известувањето е издадено на 10 февруари...

Мемети: Кај нас граѓаните не ги штити процедура и систем

Општите препораки кои произлегуваат од состојбите за разните области остануваат во фиоките на Собранието, кое не сака или е доведено во ситуација да не може да врши контрола врз извршната власт, вели Народниот правобранител Иџет Мемети во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. -Општите препораки кои произлегуваат од состојбите за разните области остануваат во фиоките на Собранието. Затоа што законодавната...

СДСМ: Секој кој правел криминал ќе одговара

Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ напразно бараат утеха, секој кој правел криминал ќе одговара, се вели во реакцијата на СДСМ, на денешната прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ: „Граѓаните избраа промени и правда и тоа никој нема да го спречи. Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ може да се обидуваат да најдат оправдувања за својот криминал, но тоа...

Пломп: Нема време за губење, очекуваме реформска, отчетна и одговорна влада

Нема време за губење и од македонските политичари исклучиво зависи да одлучат за иднината на својата земја, изјави амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, по денешната презентација на истражувањето „Неосновани притворени - правни и буџетски импликации“, во ЕУ-Инфо центарот во Скопје. - Ако ме прашувате како ги коментирам последните случувања и преговорите за формирање на владата, можам само да го...

Амбасадорот Гарет го поддржа формирањето на Клубот на одговорни бизниси

Претставници на педесетина домашни компании формираа Клуб на одговорни бизниси, а членувањето во клубот ќе им овозможи здружено, во партнерство со граѓанскиот сектор и со институциите, да дадат посилен одговор и за најголемите општествени предизвици. „Ваквиот начин на здружување и на партнерство на бизнисот со граѓанскиот сектор во Британија се практикува веќе 30 години. Водејќи се од успехот на оваа...

СДСМ: Иванов со незаконските помилувања застана во заштита на криминалот

Нападите на Ѓорѓе Иванов кон мнозинството граѓани кои избраа промени, кон Специјалното јавно обвинителство, кон ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница, е продолжение на политиките на конфликт на неговиот ментор Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ по повод традиционалното новогодишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. Во соопштението на СДСМ се додава дека Иванов е составен дел од проблемот што...

Иванов побара новата влада да го заштити унитарниот карактер на државата

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска при традиционалното новогодишно обраќање, повика да престане реториката на поделби на патриоти и на предавници и побара простување, помирување и одговорност. Иванов рече дека никогаш нема да се согласи Македонија да биде бинационална и федерална држава. Тој ги повика политичарите да не помислат постизборно да преговараат за државните интереси, а од новата влада...

Одговорноста за убиството на рускиот амбасадор во Турција ja презеде Ал нусра

Одговорноста за убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, ја презеде терористичката организација Џеиш ел фарах, порано позната како фронтот Ал нусра, јавуваат светските медиуми. Терористичката група ја презеде одговорноста преку писмо кое го објавиле на интернет. Рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, почина откако беше ранет со огнено оружје за време на изложбата „Русија во очите на Турците“.

Курдска милитантна група ја презедe одговорноста за нападите во Истанбул

Kурдската милитантна организација „Јастреби за слободата на Курдистан“ денеска на својата интернет-страница ја презеде одговорноста за синоќешните напади во Истанбул, во кои загинаа 38, а повредени се 155 лица. „Јастреби за слободата на Кудистан“, која е одметнато крило на Курдската работничка партија, стои зад повеќе напади што годинава беа извршени во Турција. Официјална Анкара денеска прогласи еднодневна жалост и нареди знамињата да...

Иванов: Време е да ги оставиме поделбите зад нас и да се сплотиме

Само со одговорно однесување на 11 декември ќе го означиме крајот на политичката криза и почетокот на националното помирување во Република Македонија, а помирувањето ни е потребно повеќе од кога и да било порано, рече претседателот Ѓорге Иванов, во своето обраќање на свечената академија по повод 8 Декември – празникот посветен на свети Климент Охридски. – Нема друг пат кон...

Путин: Трамп е паметен човек и бргу ќе се прилагоди на новата улога како претседател

Успесите во бизнисот на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, покажуваат дека тој е паметен човек кој бргу ќе се прилагоди на новата улога, изјавил рускиот претседател Владимир Путин, во интервју за телевизијата НТВ, пренесува „Раша тудеј“. „И, бидејќи е паметен, тоа значи дека целосно и многу бргу ќе стане свесен за различното ниво на одговорност. Претпоставуваме дека тој ќе...

СДСМ: Власта на Груевски нè задолжува по 2 милиона евра на ден

„Секој ден во 2016 година власта на Груевски ги задолжувала граѓаните по два милиона евра. За последниве девет месеци, вкупниот јавен долг на Македонија се зголемил за повеќе од половина милијарда евра или неверојатни 532 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ во врска со објавата на јавниот долг од страна Министерството за финансии. Од опозициската партија порачуваат дека „ќе има ревизија...

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...