fbpx

Шилегов: Спасов ќе мора да одговара за штетата од сообраќајката

-

„Оваа власт на Никола Груевски е опасна по живот и мора да замине. Секој нов ден со нив, загрозени се животите на нашите деца, нашите имоти и безбедноста на граѓаните“, обвини денеска Петре Шилегов на прес-конференција во близина на Агенцијата за катастар.

– На ова место, синоќа Диме Спасов, дополнителен заменик-министер за труд и социјална политика, пијан, со службено возило удрил неколку возила и избегал. Спасов е човекот кој со години управува со градинките, онаму каде што се згрижуваат нашите децата. По сообраќајката, Диме Спасов избегал. Ова ја покажува врвната неодговорност на кадрите во оваа Влада, која така и го почна својот мандат. Со убиство на млад човек. Диме Спасов, не само што бил пијан, туку и користел службено возило надвор од работно време, и тоа возилото во сопственост на Агенцијата за вработување! Кој и како му дозволил на Диме Спасов да користи службено возило на Агенцијата за вработување? Ова претставува класична злоупотреба на институциите, класична злоупотреба на имотот на граѓаните, на имотот на Република Македонија – рече Шилегов.

Тој му порача на Спасов дека ќе мора да одговара за синоќешниот инцидент и дека повеќе нема никаков морален и политички кредибилитет да зборува за грижа за граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...