fbpx

Димовски: Нецивилизациски е во овој момент да се заборува за одговорност за поплавите

-

Илија Димовски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција во Собранието рече дека владејачката партија се приклучува на идејата за одржување на седница на Собранието за да се разгледаат можностите како дополнително да се помогне на граѓаните погодени од поплавите.

Одговарајќи на новинарско прашање дали некој треба да преземе политичка одговорност за последиците од поплавите, Димовски, рече дека е нецивилизациски и неодговорно во вакви моменти да се заборува за тоа.

– Е ова е тој контекст за кој што зборувам дека е нецивилизациски и неодговорен во вакви моменти. Мислам дека во овој момент повеќе треба да дискутираме како да помогнеме на луѓето, има време секогаш да се дискутира за тоа. Начелно она што го имам како информација на преземени активности последните десет години за чистење канали, за градење инфраструктура, средства кои се трошат од државниот буџет и од буџетот на општините се неколкукратно поголеми, отколку било кога досега, но нема да навлегувам понатаму со одговор заради тоа што мислам дека не смееме во тој контекст да ја водиме расправата – рече Димовски.

Тој исто така повика седницата на Собранието да не биде злоупотребена за ситно политиканство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...