Богоевски и Васиљ бараат Спасов да си поднесе оставка, а МВР да го расветли случајот

-

Граѓанските активисти Павле Богоевски и Влатко Васиљ денеска на прес-конференција го повикаа дополнителниот заменик-министер за социјална политика, Диме Спасов, да си поднесе оставка поради вчерашните случувања.

Богоевски рече дека Спасов мора да одговара за своите постапки, како и лицата што му помогнале да го прикрие делото.

– Нашиот систем не смее да продолжи да толерира прекршување на законите од тие што треба да ги спроведуваат. Бараме и очекуваме Диме Спасов да поднесе оставка од својата функција. Веднаш – рече Богоевски.

Активистот Влатко Васиљ побара Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски да ги преземат сите дејства за да го расветлат овој случај и да ги санкционираат сторителите.

– Бараме од Министерството и од министерот за внатрешни работи да ги преземат сите потребни дејства за расветлување на случајот и за санкционирање на сторителите. Истовремено, потсетуваме дека и давањето лажен исказ и лажното пријавување кривично дело се посебни кривични дела за кои мора да постои одговорност. Мора да го оставиме зад нас времето кога луѓето што треба да го постават примерот за граѓанско однесување, се однесуваат како шерифи кои се над законот – рече Васиљ.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...