fbpx

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Ница

-

Агенцијата на Исламската држава „Амак“ објави дека војник на ИД го извел нападот во Ница, пренесуваат светските медиуми.

Со оваа објава, речиси два дена по нападот во градот на Азурниот Брег, Исламска држава ја презеде одговорноста за смртта на 84 лица.

Агенцијата „Амак“, цитирајќи „безбедносни извори“ од ИД, пренесе дека напаѓачот ја извел операцијата одговарајќи на повиците да се нападнат граѓаните на коалициските земји кои се борат против екстремистичката група.

Во соопштението не е наведено името на напаѓачот, а засега нема докази дека Исламска држава учествувала во планирањето на нападот на 14 јули во Ница, во кој загинаа 84 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Напаѓачот, кој е убиен во размена на оган со полицијата, е идентификуван како Мохамед Булел, 31-годишен жител на Ница со потекло од Тунис.

Возејќи со камион во пешачка зона за време на прославата на Денот на падот на Бастиља, тој усмрти 84 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...