fbpx
Таг: ОБСЕ

таг: ОБСЕ

Попоски и Курц ја посетија „котата 59“, но го одминаа кампот „Винојуг“

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Себастија Курц, денеска пристигна во земјава, а попладнево со својот домаѓин, вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски ја посетија котата (граничниот камен) 59 на македонското-грчката граница, кај Гевгелија. Изјава за медиумите, за време на посетата на „котата 59“, даде само Попоски кој истакна дека Македонија одиграла клучна улога во спречувањето...

Курц утре со Попоски ќе оди на „котата 59“ кај Гевгелија

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ за 2017 година, Себастијан Курц утре ќе претстојува во работна посета на земјава во рамките на која ќе се сретне со својот македонски колега Никола Попоски. Според агендата, објавена од Министерството за надворешни работи (МНР), Попоски и Курц утре во 13.30 часот ќе ја посетат котата (граничниот камен) 59 на македонско-грчката граница...

Милевски на средба со Гуерини: Коалицијата за живот во Македонија ќе формира влада

Делегација од Либерално-демократската партија, предводена од претседателот, Горан Милевски, вчера попладне со првиот советник за политички прашања при мисијата на ОБСЕ, Симоне Гуерини, разговараа за актуелната политичката ситуација во Македонија. На средбата, како што се наведува во соопштението на ЛДП, Милевски истакнал дека Коалицијата за живот во Македонија е онаа која ќе ја формира новата влада, за што веќе се...

Ахмети: Дојде време вистината и правдата да излезат на виделина

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска имал средба со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во земјава, Нина Суомалаинен, на која, како што соопштуваат од партијата, било разговарано „за постизбораната ситуација во Македонија“ и за „ставовите на ДУИ за настанатата ситуација“. „Ахмети зборуваше за тенденциозната кампања организирана против него и против ДУИ во последните две години и рече дека дојде време...

Австрија од 1 јануари го презема претседавањето со ОБСЕ

Од 1 јануари 2017 година, Австрија го презема претседавањето со Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ). Претседавањето со ОБСЕ, кое трае една година, Австрија го презема од досегашниот претседавач, Германија. Австриското претседавање со организацијата доаѓа во многу чувствителен момент, поради украинската криза, која сè уште не е решена, а предизвика и влошување на односите меѓу Западот и Русија. Шефот на австриската...

ОБСЕ: Изборите поминаа добро, но државата мора да ги зајакне институциите

Изборниот ден главно помина добро, а доколку има поплаки, инстутициите и државата треба да се справат со нив, изјави специјалниот претставник на ОБСЕ, Роберто Батели, при презентирањето на првичните наоди за текот на изборниот процес. Во заедничкиот заклучок на меѓународните набљудувачи се истакнува дека граѓаните ја сфатиле важноста и улогата на изборите, а политичарите сега треба да ја искористат можноста...

Потребен е дијалог за мирно да се надминат конфликтите, оценија членките на ОБСЕ

„Четвртина век по завршувањето на Студената војна, стоиме на раб и треба да одлучиме дали ќе продолжиме со ваквата соработка за безбедност. Се наоѓаме во период кога заканите не доаѓаат само однадвор, туку и однатре“, изјави на завршната прес-конференција шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, алудирајќи на кризата во Украина. Тој истакна дека за време на министерскиот состанок, имале и...

Мистериозно исчезна знамето на Русија на состанокот на ОБСЕ во Хамбург

Знамињата на сите 57 земји членки на ОБСЕ се поставени во изложбениот дел во медиумскиот центар на саемот во Хамбург. Голем син плакат на кој е испишано „ОБСЕ - Германија 2016“, заедно со знамињата се одлична заднина за фотографирање и за изјави од министрите за надворешни работи. Сепак, утринава, во редот знамиња се појави дупка - исчезна знамето на...

Лавров: Глупости се медиумските извештаи дека Русија сака да ја дестабилизира Германија

Москва ги смета за бесмислени германските медиумски извештаи дека Русија се обидува да ја дестабилизира Германија, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на прес-конференција на министерскиот состанок на ОБСЕ во Хамбург. - Што се однесува на извештаите дека Русија се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Германија, германската канцеларка Ангела Меркел ги опиша како глупости и јас немам...

Попоски: Подготовката на изборите не остава простор за изговори околу резултатите

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска на министерскиот состанок на земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), истакна дека тероризмот, насилниот екстремизам, радикализацијата и мигрантската криза претставуваат сериозни безбедносни предизвици со кои се соочува регионот на ОБСЕ. - Македонија е активен партнер на меѓународните антитерористички коалиции и ќе продолжи да придонесува кон напорите за сузбивање...

Австрија како иден претседавач со ОБСЕ ќе бара дијалог со Русија, порача Курц

Австрија следната година, како претседавач со ОБСЕ, ќе бара дијалог со Русија, која со кризата во Украина го прекрши меѓународното право, порача денеска на министерскиот состанок на земјите членки на ОБСЕ, шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц. - И покрај сите црвени линии кои се пречекорени, неопходно е да ѝ се пристапи на Русија, затоа што сè друго нема да...

Кери и Лавров во Хамбург разговараа за Алепо

Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, синоќа во Хамбург разговараа за ситуацијата во сирискиот град Алепо. Средбата се одржа пред почетокпот на дводневниот министерски состанок на земјите-членки на ОБСЕ, на кој присуствуваат министри од 57 земји. - Ја разгледавме особено тешката ситуација во Алепо и разменивме некои идеи за тоа. Планираме утре да стапиме...

Намалување на тензиите меѓу Европа и Русија, главна тема на состанокот на ОБСЕ во Хамбург

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска во Хамбург го почнаа дводневниот годишен состанок, на кој ќе се разговара за проблемите на безбедноста во Европа, Брексит, како и за победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Ситуацијата во Украина, исто така, ќе биде ставена на врвот на...

Попоски се сретна со Батели, координаторот на набљудувачката мисија на ОБСЕ

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со Роберто Батели, координаторот на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ за предвремените парламентарни избори во Република Македонија, кој воедно е и специјален претставник за Западен Балкан на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ. Министерството за надворешни работи соопшти дека Попоски ја истакнал важноста на набљудувачките мисии на изборите во Република...

Противници на самитот на ОБСЕ подметнале пожари во Хамбург

Германската полиција соопшти дека неколку пожари се подметнати на влезот на саемот во Хамбург, каде следната недела ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на ОБСЕ, а во јули следната година самитот Г20. Пожарите, како што наведе полицијата, доцна синоќа ги пријавиле очевидци, а на влезот на саемскиот простор се пронајдени неколку запалени контејнери, еден мотоцикл, гуми и...

Регионалната полициска соработка е клучна во борбата против организираниот криминал

Министрите за внатрешни работи на Србија, Црна Гора и на Македонија, денеска во Белград оценија дека регионалната полициска соработка е клучна во борбата против сите видови организиран криминал. Министрите Небојша Стафановиќ, Горан Даниловиќ и Оливер Спасовски на конференцијата насловена „Регионална процена на закани од тежок и организиран криминал (СОКТА)“, изразија подготвеност за унапредување на сите видови полициска соработка. Тие оценија...

Иванов: Изборите се излез од кризата само ако се деблокираат интеграциите на Македонија

Предвремените парламентарни избори ќе бидат излез од кризата, но само доколку по изборите се деблокираат интеграциите на Република Македонија, порача претседателот Ѓорге Иванов во синоќешното обраќање на свечениот прием за учесниците на 15. Есенска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржа во Музејот на македонската борба. Според Иванов, блокадата на европската и на евроатлантската интеграција на Република Македонија стана една од главните...

Попоски: ОБСЕ е клучна за изборниот процес во Македонија

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, се обрати на втората сесија на годинешното Парламентарно собрание на ОБСЕ, „Развој на демократски институции и човекови права во ЈИЕ“, што се одржа во Скопје. - Активностите на ОБСЕ во континуитет се имплементираат преку заеднички програми во функција на клучните државни приоритети. На овој начин ги поттикнуваме реформските процеси, истовремено исполнувајќи ја...

Заев – Барнет: Кризата може да се реши со фер и демократски избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членката на извршниот одбор на СДСМ, Рената Дескоска, попладнево се сретнал со потпретседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Дорис Барнет. Тема на состанокот била актуелната политичка ситуација и неопходноста од одржување на слободни и регуларни избори. - Кризата кулминираше поради криминално спроведени и одржани избори, што се покажа дека се случувале во повеќе изборни...

ОБСЕ планира да испрати 500 набљудувачи за претседателските избори во САД

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) планира да испрати 500 меѓународни набљудувачи да ги следат претседателски избори во САД, во ноември годинава, што е двојно повеќе во однос на бројот на набљудувачи што беа распоредени за време на изборите во 2012 година, јавува „Ројтерс“. На изборите во САД ќе бидат испратени набљудувачи од огранизацијата за меѓународна безбедност и заштита...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...