fbpx
Таг: ОБСЕ

таг: ОБСЕ

ОБСЕ одобри помош од 20.000 евра за подрачјата погодени од поплавите

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер одобри донација од 20.000 евра од хуманитарнот фонд на Организацијата за итна помош на најпогодените подрачја од поплавите во Скопско и Тетовско. Помошта, потребните алати и материјали, се вели во соопштението од ОБСЕ, ќе бидат доставени преку Мисијата на организацијата во Скопје. Инаку, Мисијата на ОБСЕ во земјава веќе донираше генератори за струја, рачни...

Мијатовиќ: Позитивен чекор е отфрлањето на лустрацијата на Костова

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, ја поздрави одлуката на Управниот суд во Скопје за укинување на одлуката за лустрација на главната уредничка на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова. - Одлуката на Управниот суд за отфрлање на обвиненијата против Костова е позитивен чекор кон обезбедување ефективна рамнотежа меѓу целта на лустрацијата и целта за создавање слобода на медиуми во земјата...

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Општина Центар потпишаа Меморандум за соработка

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Општина Центар потпишаа Меморандум за спроведување на проектот „Поддршка на институции и структури за младински политики“. ОБСЕ ќе го поддржи зајакнувањето на капацитетите на Локалниот младински совет, како и на младинските структури. Со тоа ќе се придонесе за зголемување на младинското учество во донесувањето одлуки на локално и на национално ниво. За таа цел ќе...

Ахмети: Првo да се исполнат условите, а потоа да се разговара за избори

Пред да се разговара за избори, партиите првo треба да се согласат дека условите за избори се исполнети и дека сите партии ќе учествуваат во процесот, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со шефицата на Мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорката Нина Суомалаинен. На средбата, како што информираат од партијата, Ахмети и Суомалаинен разговарале за новите политички случувања во Македонија...

Заниери: Жичените огради и затворените граници нема да ја решат бегалската криза

„Кревањето ѕидови и огради не е решение ниту за бегалскиот проблем ниту за кој било друг. На Европа и на Балканот им е потребна поголема соработка и заедничка развојна стратегија за подобро справување со бегалската криза“, порача генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниери, од Атина, говорејќи за безбедносните предизвици од бегалската криза на конференцијата „Миграција, бегалци и европска безбедност“, организирана...

ОБСЕ: Истрагите на СЈО и судските процеси мора да продолжат

Претседателот соопшти дека неговите намери се да придонесе за решавање на тековната криза, но, сепак, граѓаните имаат право да видат дека политичка и правна одговорност е понесена, вели шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, по повод одлуките на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 лица за кои се водат кривични постапки. Според Суомалаинен, на судството и на...

ОБСЕ го поздрави усвојувањето на Извештајот на ДИК

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) преку мисијата во Скопје го поздрави вчерашното усвојување на извештајот на Државната изборна комисија и порача дека прочистувањето на избирачкиот список е клучен услов за веродостојни избори. „Направени се некои позитивни чекори, како измените на Изборниот закон и новиот состав на Државната изборна комисија, но, сепак голем број прашања треба да се решат...

ЕУ: Да не се заплашуваат јавните функционери кои треба да создадат услови за кредибилни избори

Делегацијата на ЕУ при постојаниот Совет на ОБСЕ во Виена ги повика политичките партии во Македонија целосно да го спроведат Договорот од Пржино. „Европската унија потсетува на големата важност што ја придава на целосна имплементација на политички договор од 2 јуни, односно 15 јули („Договорот од Пржино“) меѓу четирите главни политички партии, кој има цел да ја надмине тековната политичка...

САД ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ јавно да ги поддржи Катица Јанева и ДИК

Кејт Брнс, претставничка на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, ја повика ВМРО-ДПМНЕ јавно да ја поддржи работата на специјалната обвинителка во сите фази на нејзината работа, објави „НоваТВ“. „САД ги поздравува напорите за примена на Договорот од Пржино кој е најдобриот пат за Македонија за излез од политичката криза. Исто така ја поздравуваме оставката на премиерот Никола...

Претседателот на ДИК имаше работна средба со амбасадорката на ОБСЕ

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, денеска имаше работна средба со амбасадорката на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен. Тој ја запозна амбасадорката со активностите на ДИК поврзани со изборниот процес. „Амбасадорката беше информирана дека Владата на РМ ѝ отстапи простор на ДИК за привремено користење, во кој освен стручната служба ќе бидат сместени и ИТ-тимовите и консултантите кои...

За вкрстување на податоците, ДИК ќе ги користи базите на 13 институции

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашнава седница усвоиле одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи (УЈП), Народна банка, Агенцијата за катастар, Министреството за труд и социјална политика и други. Седницата на ДИК, која беше закажана за 17.45 часот, заврши за само...

ОБСЕ: Во борбите во Украина се користи забрането оружје

Борбите во Источна Украина продолжуваат и покрај договорот за прекин на огнот, според кој треба да се повлече тешкото вооружување, соопшти денеска заменик-раководителот на надзорната мисија на ОБСЕ во Украина, Александар Хуг. Хуг истакна дека набљудувачите на ОБСЕ и понатаму се сведоци на борби во Источна Украина и на користење забрането оружје и тоа од двете завојувани страни. Од почетокот на судирите...

Дачиќ за Советот на министри на ОБСЕ: За некои работи не можевме да постигнеме консензус

Доцна синоќа во Белград заврши Советот на министри на ОБСЕ. Главни теми за кои разговараа министрите за надворешни работи беа борбата против тероризмот, украинската и миграциската криза, климатските промени и спорот меѓу Русија и Турција по соборувањето на рускиот авион. Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој беше претседавач, во завршниот говор посочи дека на средбата се вложиле напори...

Европски граничари ќе се распределат на македонско-грчката граница

Европските гранични сили Фронтекс ќе се распределат со 400 припадници на македонско-грчката граница, реши ОБСЕ на состанокот во Белград. Според министерот за надворешни работи, Никола Попоски, конечното упатување на припадниците на Фронтекс на границата е добар сигнал и ќе помогне во надминување на тензиите и во подобрување на соработката со грчките власти. Распоредувањето на европските граничари го побарала Атина, за да...

Попоски: Тимови на Фронтекс ќе бидат распоредени на македонско-грчката граница

Тимови на агенцијата на Европската унија за обезбедување на надворешните граници - Фронтекс ќе бидат распоредени на македонско-грчката граница, потврди во изјава за телевизијата „Канал 5“, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, кој учествува на министерскиот совет на ОБСЕ, кој се одржува во Белград, Србија. „Одлуката за конечно упатување на Фронтекс на грчко-македонската граница е добар сигнал по долго убедување....

Никола Попоски утре и задутре ќе учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ

Делегација предводена од министерот за надворешни работи, Никола Попоски, утре и задутре ќе учествува во работата на 22. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во Белград, Србија. На состанокот, министрите за надворешни работи ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на српското претседавање со ОБСЕ. Попоски ќе има свое обраќање со...

Иванов се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, денеска со сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, кому му укажа благодарност за поддршката што ОБСЕ ја дава во повеќе области, особено во владеење на правото, изборниот процес и законодавство, полицијата, судството и во унапредувањето на меѓуетничките односи. Иванов и Заниер разговарале и за исполнувањето на политичкиот договор од јуни, односно јули и за...

Груевски се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ

Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со Ламберто Заниер, генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Соговорниците дадоа позитивна оцена за соработката на Република Македонија со ОБСЕ во сите сфери од заемен интерес. Премиерот Груевски истакна благодарност за придонесот и за поддршката што ОБСЕ ја овозможува на нашата земја во спроведувањето на реформите во сите општествени сфери. Тој го...

ОБСЕ ѝ понуди поддршка и соработка на Јанева

Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, денеска ѝ понудила поддршка и соработка со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, соопштија од Мисијата на ОБСЕ во Скопје по денешната средба. На средбата, како што се наведува во соопштението, Суомалаинен и Јанева разговарале за новата улога на обвинителката и за претстојните предизвици. Суомалаинен ѝ честитала на Јанева за формирањето на нејзиниот...

Заев: Очекуваме во најкусо време да се реализира Договорот од Пржино

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со амбасадорката на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалајнен. На средбата, како што соопштуваат од партијата, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија и за обезбедувањето услови за фер и демократски избори. Заев ја информирал амбасадорката Суомалајнен за најновите случувања во преговарачкиот процес околу Договорот од Пржино. - Посветени сме на спроведувањето на Договорот...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...