fbpx

Лавров: Глупости се медиумските извештаи дека Русија сака да ја дестабилизира Германија

-

Москва ги смета за бесмислени германските медиумски извештаи дека Русија се обидува да ја дестабилизира Германија, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на прес-конференција на министерскиот состанок на ОБСЕ во Хамбург.

– Што се однесува на извештаите дека Русија се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Германија, германската канцеларка Ангела Меркел ги опиша како глупости и јас немам што друго да додадам. Ако зборуваме за германските медиуми, слушнав дека главниот и одговорен уредник на „Билд“ ме нарекол воен злосторник и криминалец и побарал шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, да не се сретне со мене. Тоа нека остане на совеста на германските медиуми – рече Лавров.

Тој, исто така, истакна дека Русија позитивно го оценува придонесот на ОБСЕ во справувањето со кризата во Украина.

– Позитивно го оценуваме ангажманот на ОБСЕ во справувањето со кризата во Источна Украина. Тоа се однесува на работата на контакт-групата и на нејзините четири подгрупи. Исто така, специјалната надзорна мисија на ОБСЕ спроведува важна работа на територија на Украина, вклучувајќи го и регионот на Донбас – рече Лавров.

Според Лавров, насоките од Донбас не се замена за договорот од Минск, кој се однесува на конфликтот во Украина.
Во однос на членството на Црна Гора во НАТО, Лавров рече дека Северноатлантската алијанса се обидува да ја „турне“ Црна Гора во оваа организација пред да заврши мандатот на американскиот претседател Барак Обама.

– Сега НАТО френетично се обидува да ја вовлече Црна Гора во своите кругови. Гледаме, се крева врева околу тоа, а никој не го прашува народот на Црна Гора… Имам чувство дека се подготвуваат да ја турнат Црна Гора пред да заврши мандатот на администрацијата на Обама – посочи Лавров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...