Попоски и Курц ја посетија „котата 59“, но го одминаа кампот „Винојуг“

-

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Себастија Курц, денеска пристигна во земјава, а попладнево со својот домаѓин, вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски ја посетија котата (граничниот камен) 59 на македонското-грчката граница, кај Гевгелија.

Изјава за медиумите, за време на посетата на „котата 59“, даде само Попоски кој истакна дека Македонија одиграла клучна улога во спречувањето на илегалната миграција и справувањето со мигрантската криза.

– Веројатно соработката што ја остваривме со повеќе членки на ЕУ, вклучително и Австрија, беше оној момент кој и овозможи на Грција да ги заштити на подобар начин своите граници, а тука го видовме и најлошото искуство од аспект на соработка меѓу двете држави, но и најдоброто искуство кое денеска покажа дека со таа соработка успеавме Грција да ја направиме помалку атрактивна и да спречиме неконтролиран бран на нелегална миграција кој минуваше преку Балканот – изјави Попоски.

Двајцата министри посетија неколку локации во гевгелиско за електронско набљудување на границата, како и контингентот на австриски полицајци кои во моментот се во Гевгелија.

Попоски и Курц не го посетија кампот „Винојуг“ каде се сместени бегалци и мигранти кои останаа заглавени во Македонија по затворењето на балканската рута.

Посетата на Курц на Македонија продолжува вечерва за кога, според агендата, е закажан состанок со шефот на македонската дипломатија, а за во 18.10 часот е предвидена прес-конференција.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...