fbpx
Таг: ОБСЕ

таг: ОБСЕ

Ахмети: Постои можност за поттикнување немири во земјава за геополитички интереси

Новата реформска влада ќе се формира наскоро, а новоименуваниот претседател на Собранието го врши својот дел од обврските за да се олесни и да се забрза овој процес, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на синоќешната средба со специјалниот претставник на претседавачот на ОБСЕ, амбасадорот Кристијан Штрохал, и со амбасадорката на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен. Ахмети и Штрохал разговарале...

ВМРО-ДПМНЕ: Преседанот со изборот на Џафери води кон уште поголема нестабилност

Преседанот со незаконскиот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија, надвор од сите пропишани процедури, води кои други преседани што ќе значат суспендирање на правниот систем. Ова денеска го истакнала делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот на партијата, Никола Груевски, на средбата со високите претставници на Делегацијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата, како што соопштија од...

САД: Да одговараат тие што ги извршиле, организирале и ги нарачале насилствата

САД ги повикуваат надлежните во Македонија да преземат чекори за да ја осигурат безбедноста на сите членови на парламентот, да ги истражат нападите темелно и да ги повикаат на одговорност тие што ги извршиле, ги организирале и ги нарачале насилствата, рече Кејт Брнс, претставничка на Мисијата на САД во ОБСЕ, при нејзиното обраќање на постојаниот совет на ОБСЕ во Виена. - САД...

Заев за знамето во кабинетот на Џафери: Ако се случила грешка, треба да се поправи

Постојат можности до крајот на месецот да биде формирана новата влада, согласно роковите, но зависи од одлуката на Ѓорге Иванов како и од техничката подготвеност на Собранието, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средба со претставници на ОБСЕ во „Холидеј Ин“. Тој додаде дека е подготвен да се сретне со Иванов и да му ја гарантира унитарноста и сувереноста...

ОБСЕ повика насилството да престане, а полицијата да ја осигури безбедноста

Шефицата на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, преку својот твитер-профил повика да престане насилството во Собранието, а полицијата да ја осигури безбедноста на пратениците. „Напната ситуација во Скопје. Насилството треба да престане, полицијата треба да ја осигури безбедноста на Собранието и на пратениците“, напиша Суомалаинен на својот твитер-профил. https://twitter.com/ninasuomalainen/status/857658079453818880

Косово дозволи Србите што живеат таму да гласаат на претседателските избори

Србите кои живеат во Косово ќе може да гласаат на 20 избирачки места на целата територија, за претседателските избори во Србија кои се одржуваат утре, пишува весникот пишува „Коха диторе“. Изборниот процес ќе се одвива како и во Србија, но пребројувањето на гласовите нема да се врши во Косово. Информацијата ја потврдил и заменик-министерот за локална самоуправа и советник на премиерот Иса...

Гарет: Излезот од политичката криза е во владеењето на правото

Независно и ефикасно судство во заштита на правата и на слободите на граѓаните беше темата на конференцијата организирана од Мисијата на ОБСЕ и од Здружението на судии на Македонија, што се одржа денеска во Скопје, а по повод „Денот на судството“. Околу 100 судии и високи судски претставници разменија мислења за важната улога на судството како гарант на владеењето на...

Попоски: Треба да бараме обединување околу една кауза – да сме дел од ЕУ

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, со шефот на австриската дипломатија и актуелен претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц, во Виена разговараше за регионалната стабилност и за потребата од интегрирање во ЕУ како најдобра гаранција за развој на Балканот. - Што и да се случува во регионот, какви и да се предизвиците, доколку членството во ЕУ изгледа достижно, тоа...

Попоски: Веруваме дека може да се врати дијалогот во институциите

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска во Виена учествуваше на седница на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа. Попоски, како што соопштија од македонското МНР, одговарал и на прашања од земјите членки на ОБСЕ, поврзани со изгледите за надминување на политичката криза, надворешното влијание, ризиците за нестабилност во регионот и изгледите за интеграција...

Русија: Доста е странско мешање во Македонија

Русија повикува да се запре странското мешање во внатрешните работи на Македонија, рече рускиот амбасадор во ОБСЕ, Александар Лукашевич. - Потребно е да се запре странското мешање во внатрешните работи на Македонија и да се почитуваат правата на македонските граѓани самостојно да одлучуваат за својата судбина, во согласност со основите демократски принципи. Ги повикуваме сите политички сили во Македонија и...

Попоски во Виена на Постојаниот совет на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска во Виена ќе се обрати на седница на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Како што соопшти МНР, за време на посетата предвидено е министерот Попоски да се сретне со својот австриски колега, министерот за надворешни работи Себастијан Курц.

Враќањето на политичката стабилност мора да биде највисок приоритет, порача Заниер

Надминување на политичката пат-позиција и враќањето на политичката стабилност мора да бидат највисок приоритет, се наведува во соопштението на Мисијата на ОБСЕ во Скопје по завршувањето на посетата на генералниот секретар на организацијата, Ламберто Заниер, и на средбите со државниот и со политичкиот врв на земјава. Заниер, стои во соопштението, изразил загриженост за последните случувања во земјава и ги повикал...

Заниер твитна: Политичката криза не смее да се прелее во меѓуетнички тензии

Политичките лидери мора да ги надминат партиските интереси и да ја решат политичката криза и не смее да се дозволи ова да се прелее во меѓуетнички тензии. Ова е главната порака што генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, им ја пренел на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и на министерот за надворешни работи, Никола Попоски. „Утрово се сретнав со претседателот...

Иванов – Заниер: Кризата е правна и политичка – од правната лесно ќе излеземе

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, кому му соопштил дека кризата има правен и политички аспект, кои се проблем, но и услов за излез од неа. „Во однос на правниот аспект поврзан со роковите за доделување на мандатот, Иванов истакна дека е лесно надминлив. Во однос на политичкиот аспект, претседателот Иванов истакна дека...

Заниер: Политичката криза се заканува да добие меѓуетничка и регионална димензија

Напредокот постигнат во 2016 година ќе биде загрозен без политичка стабилност, а продолжената политичка криза е штетна за земјата и му штети на народот, оцени генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, во колумна објавена во „Утрински весник“. „Двегодишна политичка криза не само што ги забавува реформите, туку и се заканува да добие меѓуетничка и регионална димензија, нешто што земјата не...

Шефот на ОБСЕ ќе се сретне со државниот и со политичкиот врв

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, синоќа допатува во Скопје поради новонастаната криза со недоделувањето на мандатот за формирање нова влада. Заниер во текот на денот ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на парламентарните политички партии, како и со претставниците на граѓанските организации. Минатата недела, откако Иванов одлучи да не го додели мандатот,...

Шефот на ОБСЕ, Заниер, утре и задутре во посета на Скопје

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, в среда и в четврток ќе престојува во работна посета на Македонија. Според најавите, Заниер се очекува да разговара со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, и со претставници на парламентарните политички партии. Заниер во четвртокот минатата недела изрази загриженост поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели...

Мијатовиќ бара властите да ја гарантираат безбедноста на Борјан Јовановски

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, побара надлежните власти во Македонија да ја гарантираат безбедноста на новинарот Борјан Јовановски, кој во четвртокот беше нападнат во ресторан во Скопје. - Ова е неприфатливо однесување. Уште еден бесрамен обид за замолчување на храбриот новинар Борјан Јовановски. Надлежните мора да ја осигураат неговата безбедност - напиша Мијатовиќ на својот твитер-профил. https://twitter.com/Dunja_Mijatovic/status/837992675362095104 Нападот на...

Шефот на ОБСЕ, Заниер, загрижен, следната недела доаѓа во Скопје

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, денеска изрази загриженост поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање влада. „Загрижен сум поради развојот на настаните во Скопје. Владеењето на правото мора да надвладее. Следната недела ќе го посетам Скопје и ќе имам средби со претставници на власта, лидери на политичките...

Курц: Конечните одлуки треба да ги донесат партиите, а ние нема да се мешаме

Македонските политички партии треба да ги донесат одлуките кои што се носат по избори, а од наша страна нема да има мешање во понатамошниот тек на настаните, изјави шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц, кој денеска е во посета на земјава. Тој истакна дека интересот на Австрија е во Македонија и понатаму да има силен партнер...

Горел дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени

Пожар го зафатил домот за стари лица во селото Банско, синоќа околу полноќ, информира регионалниот Центар за управување со кризи од Струмица. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари...