fbpx
Таг: ОБСЕ

таг: ОБСЕ

Манчевски: Владата сака независна МРТ и професионални регулаторни тела

Владата се залага за создавање медиумски простор за непристрасно и објективно информирање на граѓаните. Наша цел е МРТ да биде целосно непристрасен и независен медиум, а регулаторните тела да бидат транспарентни, професионални и компетентни. Особено е важно во регулаторните тела и националниот радиодифузер да не членуваат високи партиски функционери, поранешни пратеници, кандидати за градоначалници и роднини на партиски функционери,...

Османи ѝ се заблагодари на амбасадорка на ОБСЕ за придонесот во развојот на демократијата

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, по повод завршувањето на нејзиниот мандат и нејзиното заминување. Како што информираат од неговиот кабинет, вицепремиерот изразил огромна благодарност за нејзиниот личен ангажман, како и за поддршката за време на мандатот како амбасадор на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја. -Мисијата на ОБСЕ имаше важна улога...

ОБСЕ загрижен за безбедноста на новинарите во Косово

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Дезир, и шефот на мисијата на ОБСЕ во Приштина, Јан Брату, изразија длабока загриженост за безбедноста на новинарите кои известувале за интервенцијата на полицијата во северниот дел на Косовска Митровица, кога беше уапсен директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ. За време на полициската операција на 26 март, повредени...

Димитров утре во Рим на конференција за борба против антисемитизмот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров утре во Рим ќе учествува на меѓународната конференција за одговорност на државите, институциите и поединците во борбата против антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, соопштија од МНР. Конференцијата е организирана во рамките на италијанското претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа. „Министерот Димитров ќе има свое излагање на конференцијата во кое ќе се...

Мисијата на ОБСЕ на Косово го осуди убиството на Оливер Ивановиќ

Шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово, амбасадорот Јан Брату го осуди убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, и ги повика правосудните органи да направата сè што е во нивна можност да ги изведат извршителите пред лицето на правдата. Брату изјави дека Ивановиќ речиси две децении бил еден од најистакнатите претставници на косовските Срби, кој неуморно...

Димитров утре и задутре во Виена на министерски совет на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе ја предводи македонската делегација на 24. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе се одржи на 7 и 8 декември во Виена. Димитров ќе има обраќање на Министерскиот совет, на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија. „На Министерскиот совет, министрите за надворешни работи ќе разменат мислења...

Програмите на МРТ на јазиците на националностите едвај составуваат крај со крај

„Ромската редакција во МТВ има само еден човек, за програмата на српски јазик ангажирани се еден или двајца. Вработените во редакциите на помалите етнички заедници и во телевизијата и во радиото на јавниот радиодифузен сервис честопати работат во руинирани простории, без доволно столчиња и бироа, а тешко доаѓаат до техника и камери. Се чувствуваат изолирани и другите, а демотивирани...

Сите да работат за враќање на довербата во институциите, вели генералниот секретар на ОБСЕ

Успешното надминување на политичката криза и тековните напори за спроведување на владината реформска агенда нудат единствена можност за напредок, рече генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, по завршувањето на неговата дводневна посета на Скопје. - Сите чинители треба да ги здружат силите во зајакнувањето на демократските процеси и во враќањето на довербата во институциите во земјата, воспоставувајќи ефективни механизми за контрола -...

Селмани: Владата сака да ја игра улогата на главен уредник на медиумите

За Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е апсолутно неприфатлива идејата на Владата таа да ја регулира медиумската содржина, истакнал претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, на средбата со новиот генерален секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, кој е во посета на земјава, а на која учествувале претставници на пет граѓански организации. „Тоа е во спротивност со најдобрите практики во европските демократии“,...

ОБСЕ ќе продолжи со поддршката на клучните реформи, порача Гремингер по средбата со Заев

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со новиот генерален секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, на која била потврдена определбата на Владата за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на реформскиот процес, како и поддршката што Владата ќе продолжи да ја добива од ОБСЕ во реализацијата на реформскиот процес. - Работиме и ќе работиме во согласност со...

Дезир: На МРТ ѝ треба модел на финансирање што ќе ја гарантира независноста

На јавниот сервис му треба модел на финансирање кој на ниту еден начин нема да ја поткопа неговата независност и ќе овозможи да ја извршува својата мисија на јавен сервис, се вели во соопштението од претставникот на ОБСЕ за медиуми, Харлем Дезир, за неговата посета на земјава и средбите со премиерот, министри во Владата и со новинарските здруженија. - Со...

Спасовски – Десир: Новинарите мора да се чувствуваат безбедни и слободни

Медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество и затоа мора да се преземат сите неопходни мерки за новинарите да се чувствуваат безбедни и слободни да ја извршуваат својата работа, заклучија на денешната средба министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ, Харлем Десир. „Спасовски ја потенцираше соработката на МВР со здруженијата на...

Димитров во ОБСЕ ги претстави реформите и ја нагласи важноста на слободните медиуми

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска имаше обраќање пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, во кое, говорејќи за реформите на Владата, поврзани со владеењето на правото, изборниот систем, силни и професионални институции, развој на здрави механизми на контрола, независно судство и слободата на медиумите, се повика на цитатот од американскиот дипломат Адлај Стивенсон - „Слободните медиуми се...

Заниер ќе ги поддржи напорите на Македонија за зацврстување на демократските вредности

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска имаше средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Ламберто Заниер, кој присуствуваше на Годишниот состанок на шефовите на теренски оперативни мисии на ОБСЕ во Југоисточна Европа, што годинава се организира во Скопје, соопшти македонското МНР. Димитров на средбата изразил задоволство од долгогодишната соработка со Македонија и подготвеност таа да продолжи во иднина, со...

Заев го уверил Заниер дека Владата ќе работи за целосна интеграција на сите граѓани

„Се определивме за концептот „едно општество за сите“, кој се покажа успешен затоа што сите граѓани сакаат да живеат квалитетно во родната земја. Ние се грижиме за практичните потреби на сите граѓани, во согласност со Уставот и така ќе продолжиме да работиме“, рекол премиерот Зоран Заев на денешната средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Ламберто Заниер,...

Заев на средба со делегација на ОБСЕ: Очекуваме победа на слободни и демократски избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска заедно со потпретседателот на партијата, Дамјан Манчевски, шефот на изборниот штаб, Миле Зечевиќ, и со Стевица Јосифовски од правниот комитет на СДСМ, се сретна со делегација на ОБСЕ, предводена од Нина Соумалаинен, шефица на ОБСЕ во Скопје, и од Џеф Били, раководител на политичкиот оддел. На средбата претставниците на СДСМ и на ОБСЕ разговарале за актуелната...

Груевски од амбасадорите и од ОДИХР побарал услови за фер избори

На средба со амбасадорите на земји членки на ЕУ во Македонија и со претставници на ОБСЕ/ОДИХР, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и членови на извршниот комитет на партијата, побарале „Владата активно да се ангажира за создавање демократски амбиент за одржување на локалните избори“, соопшти партијата. „Беше изразена силна загриженост од првичните обиди да се заплашуваат гласачи и да се поткупува...

Шефот на дипломатијата Димитров на средба со Суомалаинен

На средба што ја имале денеска, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, разговарале за меѓусебната соработка и за приоритетите што новата влада ги зацртала, соопшти Министерството за надворешни работи. Министерот Димитров се заблагодарил за континуираната поддршка што ОБСЕ ја дава на Македонија, а особено за директната поддршка за реализацијата...

Османи – Суомалаинен: Изборната реформа е меѓу клучните приоритети на Владата

Изборната реформа останува меѓу клучните приоритети на Владата, вклучително и имплементацијата на препораките наведени во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР, истакнал вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната средба со амбасадорката на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен. Османи нагласил дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје обезбедува важна помош за Македонија, особено во областа на владеењето на правото и на изборните реформи...

Заев со амбасадорката на ОБСЕ договарал соработка за реформите

На денешната средба на премиерот Зоран Заев со амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, е разговарано за можноста Мисијата на ОБСЕ во Скопје да помогне во реформските процеси во судството, медиумите, полицијата, меѓуетничките односи и неколку други области, соопштија од Владата. На средбата премиерот нагласил дека новата власт ќе дефинира краткорочна и среднорочна агенда за реформскиот процес, чија цел се евроатлантските...

Герила акција: Макета на јавен тоалет во Градскиот парк

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект...