fbpx
Таг: ОБСЕ

таг: ОБСЕ

Отвореноста на податоците и вклучувањето на граѓаните во локалната власт се клучни за развој на демократијата

Вклучувањето на граѓаните во донесувањето одлуки е сржта на демократијата, посебно на основното ниво, во полето на локалната самоуправа, а тоа може успешно да се оствари само со едуцирање на граѓаните за нивните права и одговорности, но и отворање на податоците и соодветна дигитална опременост, од описменување до овозможување дигитални алатки. Тоа се основните цели за кои секоја држава,...

Здружението на новинари и ОБСЕ ќе донираат заштитна опрема за медиумските работници

Од денеска започнува дистрибуцијата на пакетите со заштитни маски, ракавици, наочари, средства за дезинфекција и друго, кои ги обезбеди Здружението на новинарите (ЗНМ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Тие ќе донираат 150 пакети со различни средства, неопходни за физичка заштита на новинарите и медиумските работници, која ќе биде поделена на околу 100 медиуми (радија, телевизии, весници,...

Без говор на омраза во медиумите во предизборниот период, побараа ОБСЕ, СЕММ и МВР

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за внатрешни работи (МВР) и Советот за етика во медиумите (СЕММ), повикаа на свесност за спречување на говорот на омраза во медиумите, особено во предизборниот период. „Негативните и коментарите од омраза си го наоѓаат патот до онлајн медиумите и брзо се споделуваат и се засилуваат на социјалните мрежи. Традиционалните медиуми често ги повторуваат овие...

Најмалку 12,7 милиони евра јавни пари во медиумите до крајот на годината

Буџетското финансирање медиуми, и преку изборните кампањи и преку субвенциите, е ризик за корупција и политичко влијание врз јавните гласила, особено во предизборниот период. Оваа констатација ја делат и новинарските здруженија, невладините организации, но и Државната комисија за спречување корупција, која за ризикот што го носат државните пари во медиумите од неколку аспекти пишува и во својата проценка на...

Чулев го запозна Која со заложбите на МВР за организирање на фер и демократски избори

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ амбасадор Клеменс Која. Од МВР информираат дека на средбата, амбасадорот Која бил запознат со заложбите на Министерството за внатрешни работи за организирањето фер и демократски избори и активностите на полицијата во таа насока. „Чулев побара поддршка од Мисијата на ОБСЕ за одржувањето обуки за новите полициски...

ОБСЕ ја поздрави иницијативата за јакнење на медиумската саморегулација во државава

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир ја изрази својата поддршка за Регистарот за саморегулација на онлајн медиумите во Македонија, промовиран во средата од страна на Советот за етика во медиумите, ЗНМ и Стопанската комора.  „Медиумската саморегулација е корисен механизам и придонесува кон поквалитетно информирање, заштита на уредничката слобода и јакнење на медиумскиот кредибилитет“, изјави Дезир. Меѓу другите начини...

Граѓанските организации во Албанија остро протестираат против „Пакетот против клевета“

Десетина граѓански организации, институти, центри и медиуми од Албанија денеска ја повикаа албанската влада да ги повлече двата предлог-закони доставени во парламентот популарно наречени „Пакет против клевета“. Доколку владата не ги повлече законите, парламентот да не ги усвојува законите, побараа иницијаторите, пренесува Faktoje.al. „Важноста на слободата на изразување во едно демократско општество се рефлектира во широко распространетата заштита што му...

Остри критики за мерките на албанската влада против дезинформациите

По безмалку 11 месеци жестоки критики од новинарите, здруженијата и меѓународните организации, спорните закони кои, според опонентите, негативно ќе повлијаат на работата на новинарите и на слободата на говорот во Албанија, во текот на месецов се очекува да се најдат на гласање во парламентот. Случајот започна во декември 2018 година, кога премиерот на Албанија Еди Рама најави мерки против дезинформирањето....

Димитров учествува на неформалниот министерски состанок на ОБСЕ во Словачка

На покана на словачкиот министер за надворешни и европски работи и претседавач на ОБСЕ Мирослав Лајчак, шефот на дипломатијата Никола Димитров ќе учествува на неформалниот министерски состанок на ОБСЕ што денеска и утре ќе се одржи во Словачка, информираа од Министерство за надворешни работи. Од таму додаваат дека, на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи ќе се разменат мислења...

Претседавачот на ОБСЕ, Лајчак денеска и утре во посета на државата

Претседавачот на ОБСЕ и Министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак, денеска и утре е во посета на државата. „Лајчак ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, заменик премиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Претседавачот...

ОБСЕ: Само два проценти од жените кои доживеале семејно насилство пријавиле во полиција

Разгледувајќи го извештајот на ОБСЕ еден податок ме загрижи - само два проценти од испитаните жени кои имаат доживеано насилство од нивните партнери во полиција го пријавиле како сериозен инцидент. Ова мора итно да го менуваме. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствуваа на презентација на Извештајот на ОБСЕ...

Османи до Која: Инцидентот во ИВЗ ја загрозува секуларноста на земјата

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, на која беа разменети информации и мислења за повеќе актуелни теми. „Инцидентот со упадот во Исламската верска заедница претставува срамен чин кој ја загрозува секуларноста на земјата и уставно загарантираната автономија на верските заедници во Република Северна Македонија, и...

Првиот круг беше мирен и транспарентен, велат меѓународните набљудувачи

Претседателските избори во Северна Македонија се добро спроведени, но на законската рамка сѐ уште ѝ треба подобрување, велат меѓународните набљудувачи, кои вчера ги презентираа првичните наоди. - Фундаменталните слободи на собир и изразување беа почитувани и денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен. Меѓутоа, сѐ уште има голема потреба од широка изборна реформа - порачаа тие. Според Серин Моборн, специјална...

Заев-Која: Сите учесници да преземат одговорност за кристално чисти избори

Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, денеска се сретнала со делегација на ОБСЕ предводена од шефот на мисијата во земјава, амбасадорот Клеменс Која, информираат од партијата. На средбата се разговарало околу повеќе актуелни теми, со фокус на претседателските избори. Заеднички било заклучено дека на претстојните претседателски избори сите учесници треба да покажат демократска зрелост и одговорност пред...

Tелефонската линија 0800-11-011 за помош при напад на новинари ќе биде отворена 24/7

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска во Скопје на прес-конференција ја промовираше бесплатната телефонска линија 0800-11-011 за помош на новинари во случај на закани, напади и насилство кон новинарите. Бесплатната телефонска линија ќе функционира 24/7 и ќе овозможи помош и поддршка на новинарите и медиумските работници во случај на...

Новата амбасадорка на САД, Кејт Брнс, за разочараноста од Иванов и за 27 април

Новата амбасадорка на САД Кејт Мери Брнс (Kate Marie Byrnes) која е предлог на претседателот Доналд Трамп и која треба да ја потврди Сенатот, доаѓа од Атина каде што ја врши функцијата заменик амбасадор, а на претходната функција како претставник на САД во ОБСЕ во Виена веќе ги коментираше состојбите и настаните во земјава. Во мај минатата година, како претставник на...

Манчевски: За сајбер-безбедноста соработката помеѓу јавниот и приватен сектор е важна

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска се обрати на отворањето на регионалната конференција на тема: „Сајбер безбедност: Соработка и размена на информации“, во организација на АЕК и Канцеларијата на ОБСЕ во Македонија. „Сајбер-безбедноста не е само ИТ-тема. Од тука, за гарантирање на безбедноста соработката е клучна. Во наредниот период особено внимание ќе посветиме и на зајакнување на...

Османи – Која: ОБСЕ одигра важна улога во надминувањето на бројните предизвици

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која. - Мисијата на ОБСЕ одигра важна улога во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото - истакна Османи, притоа...

Поповски до Десир и Која: Опозицијата ги блокира медиумските реформи

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на вчерашната средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Харлем Дезир и со новоименуваниот шеф на мисијата на ОБСЕ во нашата земја, амбасадорот Клеменс Која, се пожалил дека опозицијата со блокирањето на новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во собраниската процедура, ги блокира медиумските реформи. На средбата...

ОБСЕ: Скопје и Атина постигнаа историски договор

Претседавачот на ОБСЕ, италијанскиот министер за надворешни работи Енцо Моаверо Миланези, и генералниот секретар, Томас Гремингер, го поздравија договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името. Тие во соопштенијата наведуваат дека договорот е чекор напред кон јакнење на регионалната стабилност. – Им честитам на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивното лидерство и посветеност на овој процес...

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...