fbpx

ОБСЕ: Само два проценти од жените кои доживеале семејно насилство пријавиле во полиција

-

Разгледувајќи го извештајот на ОБСЕ еден податок ме загрижи – само два проценти од испитаните жени кои имаат доживеано насилство од нивните партнери во полиција го пријавиле како сериозен инцидент. Ова мора итно да го менуваме.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствуваа на презентација на Извештајот на ОБСЕ за благосостојба и безбедност на жените.

Заев рече дека насилството врз жените и неприфатливо и претставува кршење на основните човекови права и Владата заедно си сите засегнати страни ќе работи на унапредување на човековите права и на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во своето обраќање на панел-дискусијата рече дека Владата има силна политичка волја да работи на решавање на овој проблем и да ја спроведеме ратификуваната Истанбулска конвенција.

„Скопскиот регион целосно ни е полиен со кризни центри за жени жртви на насилство. МТСП си постави задача дека годинава ќе отвори пет сервиси и се надеваме со меѓународна поддршка да активираме соодветен кадар којшто ќе работи директно со жртвите. Дополнително активно работиме на нов закон кој што ќе ги опфати сите форми на насилство врз жената кој што годинава се очекува да влезе во собраниска процедура”, рече Царовска.

Истражувањето на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Одделот за родова рамноправност на ОБСЕ покажува дека насилството врз жените честопати е недоволно пријавено и дека некои форми на физичко и сексуално насилство се широко распространети во земјата.

Истражувањето открива дека постои нагласена потреба од поголема поддршка и насочена акција за помош на жените од малцинските групи и од руралните средини.

„Родовото насилство останува една од најраспространетите и постојани повреди на човековите права на глобално ниво, што влијае на животот на жените и девојките низ земјите и регионите. Тоа е закана за безбедноста и сигурноста на сите. За нас во ОБСЕ, ова структурно насилство не е само кршење на човековите права на жените и девојките, туку исто така и безбедносно прашање“, рече шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...