fbpx

Османи до Која: Инцидентот во ИВЗ ја загрозува секуларноста на земјата

-

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, на која беа разменети информации и мислења за повеќе актуелни теми.

„Инцидентот со упадот во Исламската верска заедница претставува срамен чин кој ја загрозува секуларноста на земјата и уставно загарантираната автономија на верските заедници во Република Северна Македонија, и очекувам од Владата но и од останатите институции да преземат активности со кои ќе ја заштитат независноста на ИВЗ“, истакна Османи, посочувајќи дека ваквите инциденти со сигурност негативно ќе влијаат на стабилните меѓуетнички односи, кои претставуваат плод на долгогодишен труд и внимателно однесување.

Тој додаде дека во моментов „меѓуетничките односи се стабилни и цврсти“, но треба „активно да се работи на нивно одржување“.

Во продолжение, Османи и Која разговарале за можностите од остварување на проектот за статистичка и квалитативна анализа на судските одлуки, со кои би се утврдила објективноста на пресудите соодветно на етничката припадност на обвинетите, како мериторен начин за одредување на објективноста и неселективноста во работата на судовите.

На крајот, Османи и Која изразија задоволство од начинот на кој беше организиран и спроведен првиот круг на изборите, изразувајќи очекување дека овој успех ќе се повтори и во вториот круг, со што изборите во целост ќе ја рефлектираат демократската и политичка зрелост на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...