fbpx

Кабинетот на Иванов до Антикорупциска: Указите се донесени согласно Уставот

-

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов најостро реагира за, како што велат оттаму, „политичката“ одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да поднесе прекршочни пријави против претседателот и целосно ги отфрла тврдењата дека со донесувањето на указите, кои се предмет на ваквата одлука, претседателот постапил спротивно на законите и ги пречекорил овластувањата.

„Разочарува фактот што, и покрај тоа што до Државната комисија за спречување на корупцијата уредно беа доставени образложенијата и законските основи врз основа на кои Претседателот на Република Македонија ги донесе указите, истите не се земени предвид од страна на Комисијата, и наместо тоа, како образложение се даваат општи и непрецизни констатации без законска основа. Претседателот на Република Македонија ги донесе указите во согласност со Уставот на Република Македонија и законите. Како врховен командант, Претседателот на Република Македонија нема обврска да бара одобренија за надлежности кои му се пропишани со закон“, се вели во соопштението.

Во однос на системот на плати и надоместоци на плати, од кабинетот на Иванов укажуваат дека во согласност со член 170 (1) од Законот за служба во АРМ, ова е надлежност на министерот за одбрана или од него овластено лице, а не на претседателот.

„Дополнително, би сакале да ја запознаеме јавноста дека ваквата одлука на ДКСК е контрадикторна на претходната практика која самата комисија ја воспоставила. ДКСК во 2016 година дала одговор по слична проблематика, кој е сосема спротивен на сегашните ставови. Во т.61 од Мислењето издадено во 2016 година од страна на Државната Комисија за спречување на корупцијата јасно е посочено дека во период на избори не постои законска пречка да се доставуваат предлози за именувања и/или отповикувања на амбасадори до претседателот“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...