fbpx
Таг: ОБСЕ

таг: ОБСЕ

Украина ќе биде приоритет за време на македонското претседавање со ОБСЕ

Агресијата мора да престане. Убивањата и опустошувањата на цивилното население се неприфатливи, оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи на првата прес-конференција на македонското едногодишно претседавање со ОБСЕ, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Под слоганот „За луѓето се работи“, Македонија на 12 јануари 2023 година и официјално, на првата прес-конференција ги презентираше приоритетите за едногодишното претседавање со ОБСЕ....

Османи од Виена: Нашиот фокус ќе бидат луѓето, ОБСЕ мора да даде резултати во овие тешки времиња

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Виена пред Постојаниот совет на ОБСЕ ја презентираше програмата на претседавањето на Македонија со најголемата светска регионална безбедносна организација. Под слоганот „За луѓето се работи“ претседателството на Македонија со ОБСЕ во 2023 година ќе биде фокусирано на луѓето, „кои ќе бидат силата што ќе нè води во годината...

Пред Постојаниот совет на ОБСЕ, Османи ќе ја презентира програмата на претседавањето на Република Северна Македонија

Делегација на Република Северна Македонија, предводена од министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ја започнува официјалната посета на Виена во својство на претседавач со ОБСЕ во 2023 година, соопшти Министерството за надворешни рабори. Според планираното, Османи ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на земјата-домаќин на ОБСЕ, Александар Шаленберг, по што ќе одржи брифинг за претставниците на медиумите...

Ковачевски во телефонски разговор со Зеленски: Земјава ќе продолжи да ја поддржува Украина

Владата соопшти дека премиерот Димитар Ковачевски денеска имал телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во кој ја пренел поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина. Притоа, Ковачевски ветил дека како премиер на земјата-претседавач со ОБСЕ, ќе ја посети Украина. „Војната која Русија ја започна пред речиси...

Османи ги претстави приоритетите на Северна Македонија како земја-претседавач со ОБСЕ

На 12 јануари во Виена, Австрија ќе биде првото формално соочување на Северна Македонија со претставниците на сите 57 земји-членки на ОБСЕ во улога на Претседавач со организацијата, најави на денешниот брифинг посветен на претседавањето на земјава со ОБСЕ министерот за надворешни работи Бујар Османи. Османи рече дека како претседавач со организацијата, земјата ќе испрати порака преку мотото „Се работи...

Од денеска Северна Македонија претседава со ОБСЕ под слоганот „За луѓето се работи“

Министерството за надворешни работи (МНР) официјално соопшти дека почнувајќи од денеска, 01.01.2023 година па сè до крајот на годината, земјата е на чело на ОБСЕ – најголемата светска регионална безбедносна организација во која учествуваат 57 држави од Северна Америка, Европа и Азија. „Преку својот уникатен пристап ОБСЕ придонесува кон регионалниот мир, соработка и севкупен развој“, соопшти МНР. Како што велат оттаму,...

Вал: Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да го поддржува образовниот систем

Клучниот столб на националната стратегија за развој е образовниот систем, па затоа Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во напорите за унапредување на сите општествени сегменти, вклучително и образованието. Ова е заклучокот од средбата на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и новиот Шеф на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Килиан Вал. На...

Османи – Рибеиро: Руската агресија врз Украина има сериозни импликации врз медиумските слободи и безбедноста на новинарите

Министерот Бујар Османи денес оствари средба со претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро, соопшти Министерството за надворешни работи. На средбата биле разменети мислења за состојбата поврзана со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ. Воедно, било констатирано дека руската агресија врз Украина има сериозни импликации врз медиумските слободи и безбедноста на новинарите ширум ОБСЕ просторот. “Политиките кои произлегуваат од...

Средба Грковска-Која: Мисијата на ОБСЕ е голем поддржувач на реформските процеси за добро владеење

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, со кого разговараа за реформските процеси и за следните чекори и активности во контекст на нашето претседавање со Организацијата во 2023 година. На состанокот, вицепремиерката Грковска истакна дека поддршката и соработката со Мисијата на ОБСЕ...

Пендаровски: Северна Македонија е позитивен пример на функционална мултиетничка демократија

Република Северна Македонија е позитивен пример на функционална мултиетничка демократија во однос на почитувањето и унапредувањето на правата на различните заедници, како и во пристапот на градење толеранција и доверба, во согласност со вредностите и заложбите на ОБСЕ, истакна претседателот Стево Пендаровски на средбата со амбасадорот и високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Каират Абдрахманов. На средбата беа разменети...

Комесарот за национални малцинства на ОБСЕ ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Високиот комесар за национални малцинства на Органицазијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), Каират Абракхманов и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клемен Која денес беа во официјална посета на Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Во рамките на оваа посета, Абракхманов и Која одржаа значаен и конструктивен состанок со директорот на АОПЗ, Еран Куртиш. На...

Северна Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ

Северна Македонија ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година. Земјава на почетокот на годината стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ или познато како ОБСЕ тројка, заедно со сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска. Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција најави дека формално започнуваат обврските на земјава  поврзани со претседавањето...

Порталб: ОБСЕ следи 24 судски случаи на висока корупција, вклучително и поранешни случаи на СЈО

Мисијата на ОБСЕ во Скопје продолжува да ги следи судските постапки на предмети на организиран криминал и корупција од средно и високо ниво, во рамки на заедничкиот проект со Европската Унија „Поддршка за поефикасно спроведување на правдата во случаите на корупција и организиран криминал во Северна Македонија преку мониторинг на судењата“, пренесува Порталб.мк. „Мониторингот започна во јули 2021 година и...

Мисијата на ОБСЕ во Скопје подготви онлајн курс за дигитална безбедност за новинарки

За да им помогне на жените во медиумскиот сектор да развијат пристапи за дигитална безбедност што ќе ги направат побезбедни на интернет, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го лансираше својот онлајн курс за дигитална безбедност. Курсот се фокусира на конкретни предизвици со кои се соочуваат новинарите и онлајн и офлајн, вклучувајќи закани, говор на омраза, вознемирување, заплашување, клевета и други...

ОДИХР: Изборите со натпреварувачки дух и со почитување на основните слободи, но требаат суштински реформи

Мисијата на ОДИХР денеска ја соопшти прелиминарната оценка од набљудувањето на локалните избори во Северна Македонија. На прес-конференцијата се обрати шефица на Набљудувачката мисија за изборите на ОДИХР, Тана де Зулуета. „На локалните избори во Северна Македонија кандидатите можеа слободно да водат кампања и основните слободи беа широко почитувани, но бројните празнини во законот и законските измени направени близу до...

Османи-Линде: Северна Македонија покажува голема сериозност и посветеност во меѓународните односи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари средба со актуелниот претседавач со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде. На средбата главна тема на дискусија беа активностите во рамките на ОБСЕ, актуелното претседавање на Шведска со организацијата и претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. „Споделуваме исти заложби и вредности и во тој...

Османи-Рау: Полска смета дека Северна Македонија заслужува да отпочне преговори со ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на работна посета на Република Полска се сретна со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Збигњев Рау. Посетата се случува во пресрет на јунскиот самит, во контекст на засилениот ангажман за официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, како стратешка цел на земјата и императив за целиот регион, соопшти македонското МНР. Во...

ЗНМ, СЕММ, МИМ: Корона кризата ги покажа сите доблести и слабости на новинарството

По повод 3 мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, од Здружението на новинари во Македонија (ЗНМ) и Советот на етика во медиумите на Македонија (СЕММ) се децидни дека во услови на светска здравствена криза, повеќе од кога и да е претходно стана јасно значењето на независното и професионално новинарство. „Кризата предизвикана од пандемијата со ковид-19 ги исфрли на врвот...

Во 2020 година пораснал бројот на жалби до СЕММ, говорот на омраза се „сели“ во коментарите на социјалните мрежи

Во 2020 година до Советот за етика пристигнале 140 жалби, од кои за 109 се донесени одлуки во коишто комисијата има детектирано одредени прекршувања на Кодексот на новинарите на Македонија, со што се бележи двојно зголемување на доставени жалби споредбено со 2019 година, изјави координаторот за програми и прием на жалби на Совет за етика во медиумите, Даниел Димитриески...

Корона кризата покажа дека медиумите потфрлија во инклузивното известување

Медиумите како централна улога во информирањето на луѓето во текот на пандемијата имаа голема одговорност, но потфрлија кога станува збор за професионално и точно известување за јавното здравје. Ова е заклучокот од денешните воведни излагања на настанот „Инклузивно известување за различностите во медиумите во време на Ковид-19“ кој го организираа Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...