fbpx

Димитров утре и задутре во Виена на министерски совет на ОБСЕ

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе ја предводи македонската делегација на 24. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе се одржи на 7 и 8 декември во Виена.

Димитров ќе има обраќање на Министерскиот совет, на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија.

„На Министерскиот совет, министрите за надворешни работи ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамки на австриското претседавање со ОБСЕ. Воедно, се очекува да се усвојат и поголем број одлуки кои се во доменот на надлежностите на ОБСЕ, односно кои се однесуваат на неговите три димензии: политичко-воената, економско-еколошката и хуманата димензија“, велат од МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...