fbpx

Заниер ќе ги поддржи напорите на Македонија за зацврстување на демократските вредности

-

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска имаше средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Ламберто Заниер, кој присуствуваше на Годишниот состанок на шефовите на теренски оперативни мисии на ОБСЕ во Југоисточна Европа, што годинава се организира во Скопје, соопшти македонското МНР.

Димитров на средбата изразил задоволство од долгогодишната соработка со Македонија и подготвеност таа да продолжи во иднина, со фокус на интеграцијата и на кохезивноста во македонското општество.

Како што соопштуваат од МНР, Димитров го информирал Заниер за активностите на Владата, како и за цврстата решеност да ја искористи шансата за влез и за етаблирање на Македонија во семејството на развиените демократии. Во тој контекст, Димитров ги пренел и видувањата во поглед на изградба на поголема кохезија на етничките заедници, како и актуелниот момент на поврзување преку етничките линии произлезен по политичката криза во Македонија.

На средбата, Заниер изразил задоволство од изложената визија од македонска страна за понатамошниот развој на државата и ја нагласил личната и подготвеноста на неговиот тим да дадат поддршка на напорите на Македонија на патот кон зацврстување и развој на демократските вредности и стандарди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...