fbpx
Таг: новинари

таг: новинари

ЗНМ: Скршена камера – безбедноста на новинарите и снимателите мора да биде гарантирана на протестите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) јавно укажува на примери од проблематичен однос кон медиумски работници од страна на дел од припадниците на МВР како и на поединечни лица, дел од толпата, кои протестираа во текот на вчерашната ноќ пред Собранието. Во момент додека службени лица вршеле лишување од слобода на лица кои претходно насилно се однесувале на јавниот простор...

ССНМ: Имаме право да известуваме, но и да имаме став

По зачестените напади и континуирано деградирање на позицијата на новинарите и медиумските екипи за време на протестите, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека е неопходно уште еднаш да ја нагласи потребата медиумските екипи и новинари да бидат почитувани и заштитени. Од ССНМ порачаа дека тоа го очекуваат и од припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР),...

ЗНМ по говорот на Мицкоски: Политичарите да не омаловажуваат новинари во своите јавни настапи

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) преку соопштение реагира на непримерната комуникација на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку која јавно се омаловажуваат новинари што известуваат за билатералниот спор со Бугарија. Тој во својот партиски говор на митингот што се одржа во саботата пред Владата истакна: „Нè лажеа дека не преговараат за јазикот, дека не преговараат за идентитетот, а денес оние...

Косовски новинари одржаа состанок со претставници на ЗНМ, беа и во посета на Фондацијата Метаморфозис

Претставници на Здружението на новинари на Косово (АГК) и новинари од неколку косовски медиуми во петокот (27 мај) одржаа состанок со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и остварија посета на Фондацијата Метаморфозис. Како што информираат од ЗНМ, на работниот состанок се разговарало за состојбата на новинарите и медиумите во двете земји. Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ пред дваесетина колешки...

Умно.мк: Што прават новинарите кога ќе се „излизгаат“ на неточна информација?

Дневното новинарство е комплексна работа во која брзината на објавување информација има голема улога и често се случува да биде објавена и погрешна информација. Како медиумите ја коригираат грешката? Со оваа тема се зафати Умно.мк, чија анализа, со посебна дозвола од уредништвото, ја пренесуваме во целост: Неточно и нефер известување е најчеста причина за приговорите што стигнуваат до Советот за етика...

ССНМ и ЗНМ со реакција за постапувањето на истражните органи во случаи со новинари

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагираат на постапувањето на Основното јавно обвинителство (ОЈО) и Министерството за внатрешни работи (МВР), овојпат поврзано со уредничката во Телма телевизија, Весна Јовановска-Дојчиновска. Реакцијата се однесува на случај во кој обвинител при скопското обвинителство отворил предмет по пријава за говор на омраза на граѓанин кон...

ЗНМ, СЕММ и ССНМ: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Сојузот за етика во медиумите (СЕММ) и Самостојниот Синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку соопштение реагираа за присуството на новинари и медиумски работници од неколку приватни медиуми за време на посетата на македонската делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски во Рим по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Светите Кирил...

Стојановски: 83 отсто од граѓаните сметаат дека дезинформациите се општествен проблем

Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21 вчеравечер зборуваше за кревањето на свеста во јавноста за негативните ефекти од дезинформациите. Тој посочи дека според новите сондажи на јавното мислење, огромен дел од граѓаните сметаат дека дезинформациите се сериозен проблем на општеството, и бараат мерки од страна на државата за справување со него, односно...

Тупанчески потврди дека закони ќе се менуваат за да се подобри третманот на новинарите

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска ги појасни вчера најавените измени на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со кој се намалуваат казните за новинари и уредници за наведените дела, а рече и дека Кривичниот законик веќе се менува за да се одредуваат повисоки казни за насилство врз новинари или за убиство. Овие предвидени построги мерки во...

Светски ден за слобода на медиумите: Секој втор медиумски работник сака да најде нова професија

За тоа каква е состојбата со медиумите и статусот на новинарите во земјава говорат податоците од анкетата спроведена од Синдикатот на новинари и медиумски работници, каде половина од испитаниците се изјасниле дека би ја напуштиле професијата ако им се укаже прилика, 72,7 отсто од младите новинари кажале дека немале ментор кога започнувале да работат, а 62 проценти изјавиле дека...

ССНМ: Работничките права се предуслов за професионално новинарство

Само солидаризирани во борбата, новинарите и медиумските работници можат да се изборат за своите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо, порача Павле Беловски, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во видео-обраќање по повод 1 мај, Меѓународниот ден на трудот. „Ако во земјава постоеја само десетмина новинари, седуммина ќе земаа потпросечна плата, четворица немаше...

ResPublica: Хоророт на пропагандата или кога мртвите стануваат

Текст на „ResPublica“. Според договор, „Мета.мк“ го пренесува текстот во целост: Дезинформациите за руската воена инвазија на Украина доведоа до такви поделби на населението во Македонија, особено на оние што се информираат главно од социјалните мрежи, што сега се води онлајн дебата околу тоа дали навистина таму има војна и страдаат цивили или станува збор за холивудска продукција со цел да се...

Стејт Департмент: Во Северна Македонија проблеми со корупцијата, лоши услови во затворите и закани кон новинари

Најновиот извештај на Стејт Департментот на САД за состојбата со човековите права во Северна Македонија, посочува на проблеми во аспектот на корупцијата и борбата против неа, но и во делот на родово и семејно насилство, лошите и нечовечки услови во затворите, како и заканите за насилство и насилство врз новинари. Во делот за почитување на граѓанските права и слободи, во...

Слободата на изразување е нарушена поради закани и недостиг на медиумски реформи, забелешки и од Брисел

Слободата на изразување е еден од клучните критериуми што секоја земја-аспирант за членство во ЕУ мора да ги исполни. Според новата методологија за проширување, поглавјето за слободата на изразување и медиумите припаѓа на првата група, онаа на основните права. Сепак, во Извештајот за напредокот беше забележано дека Северна Македонија постигнала ограничен напредок во областа на информирањето и медиумите. Медиумските...

Руските режимски телевизии се погодени од бран оставки, и примабалерината Смирнова го напушти Бољшој и Русија

Кога Марина Овсијаникова упадна во студиото на вечерните вести во понеделникот, осудувајќи ја војната во Украина и пропагандата околу неа, руските власти ја испрашуваа 14 часа и ја казнија со 30.000 рубљи  280 долари, пренесе Би-Би-Си. Протестот на Овсијаникова, која има татко Украинец и мајка Русинка, го истакна тивкиот, но постојан прилив на оставки од строго контролираната руска државна телевизија. Украинскиот...

„Метаморфозис“ организира „Разговори за приватност“ в понеделник од 15 часот во Јавна соба

Фондација Метаморфозис ги поканува новинарите, претставниците на граѓанските организации и институциите, како и сите други поединци кои сакаат да дискутираат и да дознаат нешто повеќе на темата „Медиумската слобода и заштитата на личните податоци“ на петтиот „Разговор за приватност“ што ќе се одржи на 21 март, понеделник, во Јавна соба, со почеток во 15 часот.  Локацијата можете да ја...

Новинари на „Скај Њуз“ застрелани и ранети во близина на Киев

Главниот дописник на британската телевизиска компанија, „Скај Њуз“, Стујарт Ремзи заедно со четворица колеги, новинари кои ги покриваат новостите за воената инвазија во Украина, во понеделникот наутро биле застрелани и ранети во нивното возило кога од друг град се враќале кон Киев, дознава Би-би-си. Додека се обидувале да излезат од колата за да избегаат, Ремзи бил застрелан во половината, а...

ССНМ: Медиумите во целост да ги исплаќаат додатоците за работа во недела

По истекот на законскиот рок за исплата на јануарската плата, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) добил пријави и поплаки од новинари и медиумски работници од повеќе медиуми во државата дека или не им биле исплатени законски утврдените додатоци на плата за работа во недела или им биле исплатени помалку пари, информираат од ССНМ. „Согласно измените на Законот...

ЗНМ и ССНМ реагираа за случувањата на скопскиот аеродром, Министерство за транспорт и врски се извини

ЗНМ и ССНМ се огласија со реакција, откако група на новинари, фоторепортери и сниматели од земјава утрово од страна на службите за обезбедување биле попречени да известуваат од слетувањето на првиот лет од Софија за Скопје на скопскиот аеродром. По нивната реакција, стигна и извинување од Министерството за транспорт и врски. Додека се одвивала промоцијата на авионската линија Скопје –...

Одземена сателитската лиценца на „Раша Тудеј“ во Германија, Кремљ се одмазди со затворање на рускиот сервис на „Дојче Веле“

Руските власти донесоа забрана за емитувањето на програмите на германската медиумска корпорација Дојче Веле во земјата, ја затворија канцеларијата, додека на новинарите им ја одземаа акредитацијата за работа во Русија. Одлуката следеше само два дена откако Германија ја одзеде лиценцата за сателитско емитување на државниот руски телевизиски канал „Раша тудеј“ (РТ) на германска територија. Веднаш потоа, YouTube го блокираше...

Нова истрага покажа дека британската влада свесно го прекрила скандалот со инфицирана крв

Денес се објавија резултатите од јавната истрага за најголемиот здравствен скандал во Велика Британија. Станува збор за илјадници луѓе кои се заразиле со ХИВ и Хепатит Ц, како последица...