fbpx

ССНМ: Медиумите во целост да ги исплаќаат додатоците за работа во недела

-

По истекот на законскиот рок за исплата на јануарската плата, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) добил пријави и поплаки од новинари и медиумски работници од повеќе медиуми во државата дека или не им биле исплатени законски утврдените додатоци на плата за работа во недела или им биле исплатени помалку пари, информираат од ССНМ.

„Согласно измените на Законот за работни односи медиумските работници покрај правото на додаток на плата за работа во недела, имаат право и на користење на неделен одмор во наредните седум дена. Додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот“, информираат од ССНМ.

„Ако висината на вашата нето плата е 21.000 денари со оглед дека сте пријавени на полно работно време/40 часа во неделата односно 8 часовно работно време висината на саатницата се добива на следниот начин. Во месеците со 31 ден сумата за еден час е 21.000 ден поделено со 168 часа = 125 денари. Овие работни часови законодавецот предвидел да се остварат во една работна седмица од понеделник до сабота. Работа во недела за медимските работници е предвидена во законот за работни односи и за секој работен час – НЕЗАВИСНО од одработените часови преку работната седмица пресметката ќе изгледа вака. 125 ден за час плус 50 % или пластично 8 по 125 = 1000 плус 50% = 1.500 денари кои треба да ги имате на плата“, велат од ССНМ.

Тие потсетуваат и дека луѓето кои се со нетипични вработувања (хонорарци, договор на дело) да не се ангажираат за работа во недела и на празници. Доколку се ангажираат, нехумано и крајно неморално е да не им биде платен надоместок само затоа што немаат привилегија да бидат во постојан работен однос.

Од ССНМ соопштуваат дека на работодавачите кои ќе го прекршат законот, им се забранува работа од 15 дена и им се издава прекршочен платен налог. Ако работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа, не смее да го намали бројот на вработените.

„Повторуваме дека со оглед на тоа дека медиумите мора да работат непрекинато, праксата на кршењето на работничките права од страна на работодавачите и кратење на придонесите кои уредно се предвидени со закони мора да прекине“, велат од ССНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...