fbpx

ЗНМ и ССНМ реагираа за случувањата на скопскиот аеродром, Министерство за транспорт и врски се извини

-

ЗНМ и ССНМ се огласија со реакција, откако група на новинари, фоторепортери и сниматели од земјава утрово од страна на службите за обезбедување биле попречени да известуваат од слетувањето на првиот лет од Софија за Скопје на скопскиот аеродром. По нивната реакција, стигна и извинување од Министерството за транспорт и врски.

Додека се одвивала промоцијата на авионската линија Скопје – Софија претставници на домашните медиуми биле дистанцирани на стотици метри од настанот без можност да земат изјава, ниту пак, да документираат кадри од случувањата. Во исто време сниматели кои се вработени во рамки на владините институции како и новинари од Бугарија имале пристап до самиот авион по слетувањето, како и до претставници од делегацијата, реагираа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Двете организации сметаат дека е неприфатлив ваквиот третман на медиумските екипи кои биле уредно поканети и акредитирани за проследување на настанот.

„Потребно е да се сфати дека тие се таму на задача со цел да известуваат во име на јавноста и дека организаторите на настанот треба да обезбедат соодветни услови за работа. Од друга страна, владините сниматели и службеници за медиуми не смеат да имаат привилигиран статус, бидејќи на тој начин стануваат конкуренција на медиумите, а тоа може да го наруши и правото на информирање на граѓаните“, се вели во соопштението од ЗНМ и ССНМ.

По реакцијата од еснафските организации, стигна извинување од Министерството за транспорт и врски (МТВ), кое беше прозвано во реакцијата.

„Во однос на реакцијата на присутните медиуми за ограничениот пристап на аеродромскта платформа, а по повод слетување на авионот од Софија на Меѓународниот аеродром Скопје, упатуваме искрено извинување поради ненамерениот пропуст со кој беше ограничено движењето на присутните медиуми за нормално одвивање на медиумската работа“, порача МТВ.

„Ја разбираме реакцијата на медиумските работиници и уште еднаш упатуваме извинување за ненамерниот пропуст“, завршува МТВ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...