fbpx
Таг: Никола Груевски

таг: Никола Груевски

Јанушев го повика Груевски да се врати и да ја одлежи казната затвор

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев во дуел со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на телевизија „24“ јавно го повика Никола Груевски да се врати и да ја одлежи казната. На инистирањето на Манчевски да каже дали во ВМРО-ДПМНЕ се залагаат Груевски да се врати и да ја одлежи казната Јанушев речe „да, еве јавно го...

Сијарто: Не е битно дали Груевски границата ја минал пеш, на трцикл, со коњска кола или на трактор

Шефот на унгарската дипломарија Петер Сијарто изјави дека е лага дека унгарските дипломати биле инволвирани во бегството или во егзилот на Никиола Груевски во Унгарија. Тој не одговара директно дали дипломати го придружувале Груевски и дали тој границата ја минал со автомобил, пишува унгарскиот портал „444.hu“. - Ниеден унгарски дипломат не беше инволвиран на било кој начин во ничие бегство....

Груевски се спаси за „Траекторија“ – предметот застарел (хронологија + „бомба 14“)

Поради апсолутна застареност на основата за кривично гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Траекторија“, тој нема да одговара за малверзации во врска со автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, констатираше судијата. Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе бидат платени од државниот буџет. Адвокатот назначен по службена должност да го брани Груевски, Горан Кркински,...

Спасовски: Одговорот за бегството на Игор Спасов е кај обвинителот и судијата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска порача дека клучниот фактор за бегството на Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски, е одговорот од обвинителот и судијата, врз основа на кои проценки е дозволено да му се направи прекин со судска одлука на издржувањето на казна затвор. Одговарајќи на новинарско прашање како побегнал и каде е Игор Спасов, министерот за внатрешни...

За Верушевски, нарачателот на прислушувањето e Никола Груевски, а не Сашо Мијалков

Зоран Верушевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, одговорајќи на прашањата на обвинителството поврзани со нелегалното прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање, денеска рече дека Никола Груевски треба да биде првообвинет во овој случај. Според Верушевски, Груевски поседувал и поседува голем број бомби и ги користел за да...

Груевски нема да биде почесен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски ќе го менува статутот

Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го менува статутот на партијата, со што ќе биде укинато местото почесен претседател. Во вчерашното интервју за ТВ 24, Мицкоски спомена дека ќе спроведе реформи за демократизирање на партијата, по примерот на другите демохристијански партии од Европа. Сепак, тој во интервјуто посочи дека одлуката за менување на статутот нема да биде дистанцирање...

Мицкоски на средба со Орбан во Будимпешта, нема информации за средба со почесниот претседател Груевски

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ информираат дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски утре ќе има средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Меѓутоа оттаму не додаваат дали Мицкоски ќе се сретне и со почесниот претседател на партијата, Никола Груевски, кој како бегалец од правадата ужива азил токму во Унгарија. Во краткото партиско соопштение до медиумите, кое патем не е објавено на веб-страницата...

Седма година суша на нафтоводот Солун – Скопје

Нашата земја е една од ретките која на својата територија има нафтовод што не го користи. Изминува седмата година откако во 2013. беше стопиран транспортот на сурова нафта преку нафтоводот Солун - Скопје, а сè уште нема никакви конкретни најави за негово рестартирање. Прекинот на транспортот тогаш беше образложен со застарена технологија во рафинеријата „Окта“ и неисплатливата преработка, но...

Судот во Будимпешта го отфрли барањето за екстрадиција на Груевски

Судот во Будимпешта на денешното рочиште реши да да го отфрли барањето за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, јави „Индекс. ху“. Судијката во одлуката соопшти дека за екстрадицијата на бегалецот Груевски, кој во земјава треба да одлежува казна од две години за набавката на блиндираниот мерцедес вреден речиси 600.000 евра, се решавало врз основа на барањето упатено од...

Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде пратено до Будимпешта

Mинистерката за правда Рената Дескоска, денеска изјави дека барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски како организатор на настаните во Собранието од 27 април деновиве ќе биде пратено до Будимпешта. – Целокупното досие од судот и обвинителството стаса во Министерството на крајот на минатата недела. Денеска ги потпишав сите пропратни документи и деновиве ќе биде пратено до Будимпешта со...

Собранието ги констатираше оставките на Груевски и Богоевски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од државата и доби политички азил во Унгарија. На денешната седница беше констатирана и оставката на пратеникот Павле Богоевски, која тој ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред...

Оставката на Груевски пристигнала во Собранието со нотарски акт на унгарски јазик

Претседателот на Собранието, Талат Џафери потврди дека оставката на пратеникот и азилант Никола Груевски пристигнала во Собранието со нотарски акт и со соодветни печати, со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски. – Оставката е примена на 5 јуни. Испратена е на превод од унгарски јазик и кога ќе биде преведена ќе биде доставена на пратениците...

Груевски најави оставка од пратеничката функција пред Собранието да гласа за одземање на мандатот

Пред Собранието да гласа за одземање на неговиот пратенички мандат поради повеќе од 6 месеци неоправдано отсуство, поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, преку својата Фејсбук страница најави дека ќе поднесе оставка од пратеничката функција. Груевски е осуден на две години затвор во случајот што против него го водеше Специјалното јавно обвинителство за нелегалната набавка на луксузен мерцедес...

Апелација му го укина притворот на Груевски за „Космос“, СЈО бара нов притвор

Апелацискиот суд Скопје му го укинал притворот на избеганиот екс-премиер Никола Груевски за случајот „ТНТ“, а обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара повторно Кривичниот суд да му одреди притвор, иако Груевски од Македонија избега уште на 11 ноември минатата година и е во Унгарија, каде доби азил. Рустеми побара повторно одредување притвор, велејќи дека Груевски веќе еднаш...

Седницата на која ќе се расправа за одземање на мандатот на Груевски ќе се одржи по 7 јуни

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со новинарите информираше дека собраниската седница на која ќе се расправа за одземање на мандатот на Никoла Груевски, ќе се одржи по 7 јуни. На истата седница може и да се расправа за новите министри, доколку стаса предлог од премиерот да се изберат нови. Според Џафери, од формален аспект нема пречки двете...

Комисијата го изгласа предлогот на Груевски да му се одземе пратеничкиот мандат

Комисијата за мандатно-имунитетни прашања го изгласа предлогот, да му биде одземен мандатот на пратеникот во бегство, Никола Груевски, по основ дека е неоправдано отсутен повеќе од шест месеци. Предлогот беше изгласан со пет гласа „за“, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа. Предлогот треба да се најде на пленарна седница, на која што пратениците треба да ја донесат конечната одлука за...

Kостадинов ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласат за одземање на мандатот на Груевски

Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов денеска ги повика своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за одземање на мандатот на Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер кој избега во Унгарија и доби азил. „Исто како Груевски, и Мицкоски сака да префрла одговорност на неговите пратеници кога му е тешко да соопшти јасна одлука и став“, рече Костадинов и додаде дека лидерот...

Денеска седница за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Со почеток во 11 часот, денеска собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе решава за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој минатата година во ноември избега во Унгарија, каде доби политички азил. Седницата ќе ја води потпретседателката, Снежана Калеска -Ванчева бидејќи досегашниот претседател на комисијата, Павле Богоевски минатата седмица си даде оставка по скандалот со неговиот телефонски...

На собраниска комисија ќе расправа за одземање на мандатот на Груевски

За денеска во 11 часот e закажана седницата на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, кој повеќе од 6 месеци е неоправдано отсутен од собраниските обврски. Доколку предлогот за одземање на мандатот биде усвоен на комисијата, ќе биде испратен за одлучување на пленарна седница. За одземање...

Џафери ја извести комисијата дека Груевски шест месеци не се појавил во Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска официјално ја известил Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот во азил Никола Груевски шест месеци неоправдано отсуствува од работа како пратеник во Собранието. По официјалното известување, претседателот на Комисијата, Павле Богоевски, треба да закаже седница на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски, и ако таа донесе таков...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...