fbpx
Таг: Никола Груевски

таг: Никола Груевски

Џафери ја извести комисијата дека Груевски шест месеци не се појавил во Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска официјално ја известил Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот во азил Никола Груевски шест месеци неоправдано отсуствува од работа како пратеник во Собранието. По официјалното известување, претседателот на Комисијата, Павле Богоевски, треба да закаже седница на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски, и ако таа донесе таков...

Спасовски очекува Интерпол да ја објави потерницата по Никола Груeвски

Документите за распишување на потерницата по Груевски за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и очекуваме потерницата да биде објавена, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање по официјалното почнување на твининг-проект за усогласување на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување. „Интерпол, сè...

Рускоска: Интерпол без образложение одбива да ги објави потерниците за Груевски и Бошковски

Централата на Интерпол одбива да ја објави меѓународната потерница за поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил во Унгарија, изјави обвинителката Вилма Рускоска пред почетокот на Конференцијата за напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција. „Последните информации од Интерпол Македонија се дека централата на Интерпол одбива да ја објави потерницата и дека не даваат образложение“, рече Рускоска. Таа додаде дека...

Груевски: Чавков е жртва на личната одмазда на Заев за „Поткуп“

Поранешниот премиер кој се наоѓа во бегство во Будимпешта, преку „Фејсбук“ напиша дека синоќешното апсење на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и прогонот против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот „Поткуп“ . Чавков синоќа беше приведен поради сомневања на Основното јавно обвинителство дека тој имал намера да побегне во неговата вила...

Цаноски повторно почна да го гради „Космос“

Компанијата „Фине ДОО“ и Фијат Цаноски од денеска ја започнуваат градбата на комплексот „Космос“, чија што градба треба да заврши најдоцна до почетокот 2021, информираат од компанијата. Споре најавите, тој ќе биде најелитниот станбен комплекс, а инвестицијата на комплексот изнесува близу 60 милиони евра. Сместен покрај реката Вардар, во населбата Ќерамидница, комплексот е предвидено да биде како град во град. „Големата зграда-...

Почнува постапката за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски

Во 10.30 часот денеска ќе почне 12-тата седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на чиј дневен ред е само една точка - одземање на имунитетот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, инаку долгогодишен претседател на Собранието, кој беше на чело на законодавниот дом до 27 април 2017, кога се случија суровите насилства и обиди за убиство...

Јанакиески и Ристовски во притвор, Вељаноски го спаси пратеничкиот имунитет

Во најновиот развој на случајот против учесниците во насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, од вчера поранешниот министер за транспорт и врски и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, потоа поранешниот министер за труд и социјална политика и за образование, Спиро Ристовски, од вчера се во притвор, додека поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, по распитот...

Груевски го честиташе потпишувањето на Протоколот за НАТО

Бегалецот Никола Груевски го честиташе потпишување на Протоколот за НАТО во Брисел на неговиот фејсбук-профил. Во неговото, како што вели, „размислување за нова национална стратегија по новонастанатата ситуацијa со името“, тој прави анализа - во продолженија - за тоа што значи членството на државата во НАТО,  паралела со дејствувањето на старот ВМРО и нивната борба за слобода. „Не е тајна дека низ...

ОЈО за бегството на Груевски утврдилo пропусти во постапувањето на институциите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја извести јавноста за досега преземените дејствија во предметот за бегството на осуденото лице Никола Груевски. „Надлежниот јавен обвинител веднаш по настанот отвори предмет по допрен глас со цел да се утврди дали постои евентуална кривична одговорност  за помагање на сторител по извршено кривично дело од страна на службени и други...

„Србија данас“ ги помеша лончињата со платата на Груевски

Српската информативна веб-страница „Србија данас“ завчера вечерта на веста за укинувањето на пратеничката плата и другите бенефиции како пратеник на поранешниот македонски премиер Никола Груевски стави наслов што е клеветнички и не ги претставува фактите. Имено, пишувајќи „ ЗАЕВ НАСИЛНО ГРАБА ПАРИ: Со овој потег Македонија ја вовлече раката во џебот на поранешниот премиер Груевски“, информативната страница ги обвини и...

Снимките од Груевски избришани, а албански сајт ги „испрати“ во нашето обвинителство

Известувајќи за барањето на македонското обвинителство за снимките од безбедносните камери за бегството на екс премиерот Груевски, албанскиот новински сајт „Балканвеб“ во текст со наслов „Албанија ги праќа во Македонија снимките од бегството на Груевски“,  вели дека снимките од бегството на Груевски веќе се симнати од системот и според барањето од македонските власти, ќе се пратат во Скопје. Во продолжение...

Собранието му ја укина пратеничката плата на Груевски

Со 53 гласа „за“ и 3 „воздржани“ се изгласа дополнувањето на Законот за пратеници со кој се предвидува пратениците кои ќе имаат казна затвор од 6 месеци, да го изгубат правото на пратеничка плата, надоместоци, патни трошоци, како и сите останати бенефиции. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, гласаше воздржано. -Не сум убеден во решението на Законот и затоа сум воздржан, но...

Снимките од Груевски, системот во Албанија ги избришал оти не можел подолго да ги чува

Снимките од безбедносните камери од бегството на осудениот Никола Груевски од Албанија не се обезбедени, и оваа држава не постапила по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби, одговори на новинарско прашање, државниот обвинител Љубомир Јовески на дебатата на Законот за СЈО во МАНУ. - Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на...

СДСМ: Ѓорчев е првиот кандидат кој обелодени дека сака да застане до Мицкоски, против ЕУ и НАТО

Владимир Ѓорчев е првиот кандидат кој јавно обелодени дека сака да застане рамо до рамо со Христијан Мицкоски, против ЕУ и НАТО, да тргне по антизападните стапки на Груевски и Иванов, се вели во реакцијата на СДСМ за можниот кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. „Повеќе од 20 години Ѓорчев е дел од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од 20 години Ѓорчев...

Влада: Сите помагачи за бегството на Груевски ќе бидат изведени пред правдата

По денешното соопштение од седум граѓански организации кои побараа политичка одговорност, односно оставки од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Николовски и директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Зоран Иванов, Владата порача дека сите вклучени во бегството на Никола Груевски од земјава ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Притоа...

Сијарто: Унгарската влада не може да влијае на Службата за имиграција што му дала азил на Груевски

(Фото: bbj.hu)
Службата за имиграција и државјанство е независен орган и Владата на Унгарија не може да влијае на нејзините решенија. Поранешниот македонски премиер Никола Груевски ја помина процедурата за азил и имиграционата служба реши да издаде позитивно решение, рече Петер Сијарто, министерот за надворешни работи во интервјуто за бугарската национална телевизија БНТ. - Службата е независен орган и унгарската влада нема...

Граѓански организации побараа оставки од Спасовски и директорите на УБК и АР за бегството на Груевски

Седум граѓански организации денеска побараа оставки да поднесат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Николовски и директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Зоран Иванов. Невладините порачуваат дека тие лица мора да понесат  политичка одговорност за бегството на Никола Груевски. „Сметаме дека навршувањето на втор календарски месец од бегството е разумен рок...

„ХирКлик“: Груевски го нема подолго време, може веќе не е во Унгарија

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски влегол во Унгарија потполно независно од постапката за азил, пишува унгарскиот новински сајт „ХирКлик“, кој шпекулира со тоа каде е Груевски во моментов. Како што пишува сајтот, Груевски не е забележан подолго време и можно е повеќе да не е на унгарска територија, велејќи дека последните фотографии и видеоснимки од него во Будимпешта се направени...

Јовески: Груевски ја нема напуштено Македонија на било кој граничен премин

Поранешниот премиер Никола Груевски територијата на Република Македонија ја нема напуштено на било кој граничен премин. Сослушани се и сведоци, но за да не наштетам на предистражната постапка други детали не можам да откривам, вели во интервју за МИА, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. -Обвинителството презема повеќе дејствија за обезбедување докази, како што веќе соопштивме. Побарани се докази по меѓународна...

Топ-5 дезинформации за бегството на Груевски

Бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, кој една деценија владееше во Македонија, ја тестираше медиумската професионалност не само во Македонија, туку и во земјата каде што побегна – Унгарија, но и во земјите кои му беа попатни станици до добивањето унгарски азил. Голем број медиуми поради недостиг од официјални информации од институциите ѝ сервираа на јавноста написи, прилози, извештаи...

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...