fbpx

Груевски нема да биде почесен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски ќе го менува статутот

-

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го менува статутот на партијата, со што ќе биде укинато местото почесен претседател. Во вчерашното интервју за ТВ 24, Мицкоски спомена дека ќе спроведе реформи за демократизирање на партијата, по примерот на другите демохристијански партии од Европа.

Сепак, тој во интервјуто посочи дека одлуката за менување на статутот нема да биде дистанцирање од Никола Груевски, кој со оваа одлука ќе го загуби местото почесен претседател.

– Тоа е статут направен согласно реформите и динамиката и е резултат на темелна анализа на статутите на неколку сестрински партии. Во моментов се дебатира во Извршниот комитет и наскоро ќе дојде на дебата во Централниот комитет – изјави Мицковски.

Лидерот на најголемата опозициска партија во вчерашното интервју одби јавно да се дистанцира од Никола Груевски и од последиците на неговата политика. Мицкоски изјави дека тој може да се извини и огради од нешто што тој самиот го сторил. Ако имало некаква штета од владеењето на претходната власт, посочи тој, тоа ќе било променето преку идните програми на владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...