fbpx

Мицкоски на средба со Орбан во Будимпешта, нема информации за средба со почесниот претседател Груевски

-

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ информираат дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски утре ќе има средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Меѓутоа оттаму не додаваат дали Мицкоски ќе се сретне и со почесниот претседател на партијата, Никола Груевски, кој како бегалец од правадата ужива азил токму во Унгарија.

Во краткото партиско соопштение до медиумите, кое патем не е објавено на веб-страницата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, само накратко се посочува дека Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски „ќе остварат средба со унгарскиот премиер, Виктор Орбан“. Покрај разговор за „актуелната политичка и економска состојба“, оттаму посочуваат дека ќе направат „размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно делување во пресрет на престојниот Конгрес на Европската народна партија и изборот на новото раководство“.

Најава за ваквата средба нема ниту на официјалниот сајт на владата на Унгарија. Од друга страна, домашните медиуми веќе споделуваат неофицијални информации дека Мицкоски сепак ќе се сретне со Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...