fbpx

Денеска седница за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

-

Со почеток во 11 часот, денеска собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе решава за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој минатата година во ноември избега во Унгарија, каде доби политички азил.

Седницата ќе ја води потпретседателката, Снежана Калеска -Ванчева бидејќи досегашниот претседател на комисијата, Павле Богоевски минатата седмица си даде оставка по скандалот со неговиот телефонски разговор што беше објавен во јавноста.

Комисијата расправа за одземање на мандатот, откако на 15 мај претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално ја извести комисијата дека Груевски повеќе од 6 месеци неоправдано отсуствува од работата на Собранието.

Доколку комисијата донесе одлука дека на Груевски треба да му се одземе мандатот, следниот чекор е тоа да се направи на пленарна седница на Собранието, при што за таа одлука треба да гласаат 80 пратеници.

Собранието и лани во ноември се обиде да му го одземе мандатот на Груевски, тогаш поради недостојност за вршење на пратеничката функција откако беше осуден на две години затвор во случајот „Тенк“, но немаше двотретинско мнозинство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...