fbpx

Спасовски: Одговорот за бегството на Игор Спасов е кај обвинителот и судијата

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска порача дека клучниот фактор за бегството на Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски, е одговорот од обвинителот и судијата, врз основа на кои проценки е дозволено да му се направи прекин со судска одлука на издржувањето на казна затвор.

Одговарајќи на новинарско прашање како побегнал и каде е Игор Спасов, министерот за внатрешни работи одговарајќи дека ќе биде разгледано во истрагата каде, како и на кој начин ја напуштил Македонија, истакна оти многу поважно е да се види и конечно да се реши проблемот на нефункционалност на системот.

– Сите разговараме за тоа како сега ќе го решиме проблемот откако тој ја напуштил државата. Прашањето е клучно и за тоа мора да се сноси одговорност, мора да одговори и обвинителот и судијата врз основа на кои проценки е дозволено да му се направи прекин со судска одлука на издржувањето на казна затвор – изјави денескаСпасовски по презентацијата на возилата за брза интервенција за потребите на специјалните единици во Полицискиот центар во Ѓорче Петров.

Тој упатил апел до сите институции сериозно и одговорно да ги разберат пораките од јавноста дека правдата мора да ја постигнеме сите заедно.

– Правдата не може да биде една институција. Кога говорам, говорам со факти, не може еден ден да ги апси МВР, да спроведува истраги, да води предистражни постапки, за утредента да ги видиме на слобода заради тоа што некој судија или обвинител одлучил на таков начин. Разбирам дека притворот не смее да биде казна, разбирам дека постојат низа мерки на индиции кои може да се изрекуваат, меѓутоа мора да биде во остварувањето на интересот на државата и на граѓаните – рече Спасовски.

Тој и по бегството на Никола Груевски отфрли директна вина на полицијата и посочи дека судиите требало да одредат навреме затворски притвор за поранешниот премиер за да може полицијата да интервенира.

Прашан дали во судството е потребен ветинг, Спасовски дециден дека во судството е потребен и ветинг и кривична одговорност.

– За вакви случаи Јавниот обвинител треба да подигне истрага против некој судија и против некој обвинител и да се докаже што е поврзаност во однос на ваквите случаи. Дали има врска помеѓу оној што е осуден, помеѓу лекарите кои тоа го прават, дали има врска помеѓу обвинителот и судијата итн… Конечно ваквите работи мора да се расчистуваат ако сакаме навистина да имаме држава што ќе ги остварува првичните интереси, а тоа е да имаме правда во државата, рече министерот Спасовски.

На прашањето дали е изненаден од сведочењето на Зоран Верушевски и во какви односи е со него Спасовски одговори дека има добри односи со Верушевски, како што има и со сите луѓе кои работат во Владата.

– Во однос на сведочењето, го немам ниту видено до крај тоа што го слушнав од медиумите. Сигурно тој најдобро знае што треба да каже пред судот – рече Спасовски.

Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламетарните избори.

Казната затвор ја издржува од 2011 година, а во прекин му е од лани поради здравствени проблеми.

Тој требаше да се јави во Затворот „Идризово“ на 18 октомври. Спасов од минатиот понеделникот се бараше на територија на државата, но откако истражните органи не го пронајдоа и немаа никаква дојава за него, од минатиот вторник доцна попладнето МВР распиша меѓународна потерница по него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...