fbpx
Таг: награди

таг: награди

Десет компании наградени за македонски квалитет од ССК

„Ариљеметал“, „Голден арт“, „Евросимовски консалтинг“, „Еуген“, „Зегин“, Институт „Југ“, „Камник винарница“, „Компјунет инженеринг“, „Македонија експорт“ и „Тинекс“ се компании кои беа наградени за македонски квалитет од Сојузот на стопански комори. Признанијата за македонски квалитет на девет добитници ги додели претседателката на Сојузот, Данела Арсовска. Претседателот Ѓорѓе Иванов го додели признанието за македонски квалитет на 20-илјадитиот член на Сојузот, Институт „Југ“, кој во...

Во Брвеница се одржува Меѓународна изложба на украсни птици и животни

На десетата државна изложба на украсни птици и животни, која се одржува денеска во Брвеница, посетителите можеа да погледнат околу 430 вида украсни животни, претежно гулаби, папагали, фазани и зајачиња. Изложбата има натпреварувачки карактер. Организатор на манифестацијата е здружението „Дијамантски петел“ од Тетово. На изложбата учетвуваа претставници од повеќе градови од земјава, а свое учество зедоа и Сојузите на...

Рики Џервејс, водител на „Златен глобус 2016“

Актерот Рики Џервејс ќе добие шанса да ја води манифестацијата „Златен глобус“ по пауза од три години. Англискиот актер, комичар и водител е назначен да биде домаќин и водител на „Златен глобус“, на церемонијата во 2016 година. Тој претходно ја извршуваше оваа должност трипати (во 2010, 2011 и во 2012 година), и покрај тоа што доби одлични рејтинзи и критики од публиката пред...

Деветнаесетто издание на Меѓународниот фестивал „Денови на Наим“

В четврток, 15 октомври, во 19.30 часот пред Центарот за култура „Ило Антески - Смок“ во Тетово, ќе почне 19. издание на Меѓународниот поетски фестивал „Денови на Наим“. На фестивалот ќе се претстават 36 учесници од 18 земји. На првиот ден ќе се положи цвеќе пред споменикот на познатиот албански поет Наим Фрашери, потоа во фоајето на Центарот за култура ќе...

Доделени наградите на Светскиот самит за дигитални содржини и иновативни апликации

Наградата на Светскиот самит (WSA) е глобална иницијатива која има цел да ги избере и да ги промовира најдобрите во светот за дигитални содржини и за иновативни апликации во рамки и во соработка со Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите нации. Годишно се наградуваат пет проекти во осум категории, односно се доделуваат вкупно 40 награди. Категориите се: е-владеење и...

Доделени наградите за најстар и за најубаво украсен велосипед

Градоначалник0от на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска ги додели наградите за најстар велосипед што е во функција, за најубаво украсен велосипед и за најубав цртеж на тема „Возам велосипед, ја штитам озонската обвивка“ (за учениците од средните училишта), од конкурсот што Градот Скопје го објави во рамките на „Европската недела на мобилност 2015“. За категоријата најубав цртеж на тема „Возам...

Премолчан скандалот со статуетката „Бона Деа“ на затворањето на „Браќа Манаки“

Полупразна сала, бројни награди и долги говори го одбележаа синоќешното свечено затворање на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола. Наградата „Златна камера 300“ главното жири на фестивалот одлучи да му ја додели на Маќаш Ердели, кинематографот на филмот „Синот на Саул“, нова приказна за ужасите на холокаустот. „Сребрената камера 300“ отиде во рацете...

„Анимакс Скопје фест“ го отвори повикот за анимирани филмови

Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје фест“ објавува отворен повик за аплицирање за годинешното петто јубилејно издание на фестивалот, кое ќе се одржи во периодот од 5 до 8 ноември во Скопје, Република Македонија. Право да се пријават имаат сите филмови изработени во која било техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2014 година, кои претходно не биле пријавени...

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ ги награди најдобрите

Со претставата „Џон Пиплфокс“ од Душан Радовиќ, во режија на Коле Ангеловски, а во продукција на Драмски театар Скопје, заврши натпреварувачкиот дел на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ 2015, кој се одржуваше во општина Аеродром. За најдобра машка улога беше награден Рубенс Муратовски за улогата Мартин во претставата „Чолак“ од Мартин Мекдонах, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на...

Утре во Штип  почнува 30. „Макфест“

Фестивалот на забавна музика „Макфест“ го почнува утре јубилејното, 30. издание. Во двете полуфинални вечери ќе бидат изведени 30 песни, од кои во финале ќе се најдат 18, односно по девет од двете вечери. Фестивалот традиционално почнува со подигнување на фестивалското знаме, утре во 12.30, по што следи  првата прес-конференција. Во 16 часот, изведувачите ќе ја имаат и првата фестивалска проба. „Макфест“...

Стефан Марковски ја освои главната награда на фестивалот „Литературни искри“

Гостивар два дена пулсираше во духот на поезијата. Изминатиот викенд се одржа вториот по ред Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“. Главната награда ја доби гевгеличанецот Стефан Марковски, првото место му припадна Давор Крстевски од Куманово, второто го освои дојранчанката Катерина Гогова, а третото - Цветанка Колева од Кавадарци. Бодувањето го изврши петчлена комисија, предводена од претседателката, академик Катица Ќулавкова. Првонаградениот Стефан Марковски е автор на десетина книги...

„Дипан“, добитник на „Златна палма“ на Кански филмски фестивал

Филмот „Дипан“ на францускиот режисер Жак Одијар е добитник на „Златната палма“ на годинашниот Меѓународен филмски фестивал во Кан. Филмот говори за тројца граѓани на Шри Ланка, кои се преправаат дека се семејство за да избегаат од земјата зафатена со војна и да се преселат во Франција. Втората награда, жирито предводено од Итан и Џоел Коен, ја додели на драмата за...

Струшки книжевни средби од 2 до 4 јули

Во Струга, Охрид и во Вевчани, од 2 до 4 јули ќе се одржи Меѓународната манифестацијата „Струшки книжевни средби – 2015“. Првиот ден, на 2 јули, на Вевчанските извори ќе се одржи Поетски митинг, а во Црквата „Св. Никола“ ќе има промоција на книга на странски автор. На 3 јули, е свеченото отворање на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби – 2015“ во...

Утре во Прилеп, изложба на дела од членовите на ДЛУП

Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утре, во 19.30 часот, ќе биде отворена групна изложба на дела од членовите на Друштвото на ликовни уметници на Прилеп (ДЛУП). Во салонот ќе бидат изложени 40 дела од 30 уметници. Изложбата е во рамки на програмските активности на ДЛУП, преку кои се презентираат новосоздадеите дела на сликарите, скулпторите, вајарите...

Конкурс за државните награди „Мајка Тереза“ и „23 Октомври“

Министерството за култура распиша конкурс за државните награди „Мајка Тереза“ и „23 Октомври“. Конкурсот, соопшти Министерството, трае до 30 април. Текстот на конкурсот може да се најде и на веб-страницата на Министерството за култура.

Доделени наградите на скопскиот Саем за мебел

На 41. по ред Саем за мебел, на кој своите асортимани ги изложија повеќе од 400 домашни и странски фирми, доделени се наградите за најдобрите производители и трговци, во вкупно 20 категории. На присутните им се обрати Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопски саем, која напомена дека овој настан се претвори во една прекрасна традиција, убаво дружење и соработка, која...

МОН ќе доделува парични награди за освоени први места по математика

Министерството за образование и наука информира дека во тек е јавен повик за доделување парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и на природните науки, за учениците од основните училишта, како и јавен повик наменет за учениците од средните училишта во Република Македонија. На повиците можат да се пријават ученици, заедно...

Новинарот Љубиша Арсиќ ја доби наградата „Никола Младенов“

Прва награда за истражувачка награда „Никола Младенов“, која ја доделува Македонскиот институт за медиуми, ја доби новинарот на „Фокус“, Љубиша Арсиќ, за серијалот текстови за исчезнатите АФИ-системи. Тој на колегите новинари им порача дека треба да продолжат да истражуваат и да пишуваат. Арсиќ рече дека го радува тоа што странските фондови почнале да даваат повеќе пари за новинари-истражувачи и...

Министерот Адеми ги додели наградите „Лидер“

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска ги додели наградите од натпреварот „Лидер“ за најдобар ученик во струката. Натпреварот го организираа Министерството за образование и наука и Центарот за средно стручно образование. - Можам да кажам дека сум задоволен од интересот на учениците и на наставниците за учество на натпреварот, кој ќе биде традиционален, односно ќе се одржува секоја...

„Брдмен“ ги освои главните награди „Оскар“

„Брдмен“ ги понесе четирите најголеми награди на годинешните награди „Оскар“. Филмот, во кој главната улога ја толкува Мајкл Китон, ги победи „Американски снајперист“, „Момчештво“, „Гранд хотел Будимпешта“, „Игра на имитација“, „Селма“, „Теорија за сè“ и „Whiplash“ во категоријата најдобар филм, додека Алехандро Гонзалез Ињариту беше прогласен за најдобар режисер. - Можеби следната година Академијата ќе воведе некој закон за имиграција. Двајца...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...