fbpx

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ ги награди најдобрите

-

Со претставата „Џон Пиплфокс“ од Душан Радовиќ, во режија на Коле Ангеловски, а во продукција на Драмски театар Скопје, заврши натпреварувачкиот дел на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ 2015, кој се одржуваше во општина Аеродром.

За најдобра машка улога беше награден Рубенс Муратовски за улогата Мартин во претставата „Чолак“ од Мартин Мекдонах, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Драмски театар Скопје.

За најдобра режија беше награден Адмир Гламочак за претставата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и од Стефан Синклер, во продукција на „Алт театар“ од Сараево. Оваа претстава ја доби и главната наградата на фестивалот.

Наградата за најдобра женска улога годинава не беше доделена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.