fbpx

Струшки книжевни средби од 2 до 4 јули

-

Во Струга, Охрид и во Вевчани, од 2 до 4 јули ќе се одржи Меѓународната манифестацијата „Струшки книжевни средби – 2015“.

Првиот ден, на 2 јули, на Вевчанските извори ќе се одржи Поетски митинг, а во Црквата „Св. Никола“ ќе има промоција на книга на странски автор.

На 3 јули, е свеченото отворање на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби – 2015“ во Струга, каде ќе биде отворена изложба на фотографии и уметнички слики.

Ќе се одржи промоција на наградените книги по конкурсот, за наградата „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“. Промотори ќе бидат Христо Петрески и Марина Мијаковска.
Дента ќе има „Книжевна пловидба“ – симпозиум на тема: „Влогот на охридско-струшките писатели во македонската литература за деца“. Ќе бидат дадени осврти за Ванчо Николески, Бошко Смаќоски, Рајко Јовчевски, Петко Домазетовски, Милутин Бебековски и за Боро Ситникоски.

Вечерта, во 20 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Од еден до друг брег“ – „Od jedne do druge obale “, книга двојазичник на македонско хрватски-писатели во препев на Петко Шипинкаровски и на Слободан Јовичиќ, а во издание на „Бран“ – Струга и на Хрватското книжевно друштво – Риека. Промотори ќе бидат Васил Тоциновски, Валерио Орлиќ и Петко Шипинкаровски. Во хотел „Галеб“ ќе има вечер на вино и на поезија.

Последниот ден, на 4 јули, во црквата „Свети Ѓорѓија“ во Струга, ќе се одржи поетски митинг „Струшки книжевни бранови“. Ќе се одржи портрет на добитникот на Големата награда „Книжевна далга“ за 2015 година, прогласен од меѓународното жири: Маријана Бор-Паздњикова (Русија), Снежана Дабиќ (Србија), Валерио Орлиќ (Хрватска) Мерсиха Исмајлоска и Петко Шипинкаровски (Македонија). Реч за добитникот на наградата ќе одржи Тоде Илиевски.
На крајот на манифестацијата ќе се доделат меѓународната награда „Струшко слово“ за најдобра прочитана песна.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...