fbpx
Таг: награди

таг: награди

Ризаов, Цветковска, Апостолов и Младеновски ги добија наградите на ЗНМ

Награда за животно дело од Здружението на новинари на Македонија доби вчера новинарот Ерол Ризаов. Наградени беа и новинарите Сашка Цветковска, Владо Апостолов, Мери Јордановска и Менде Младеновски. Тие ја добија наградата „Јашар Еребара“ за едногодишно остварување за истражувачко новинарство во медиумите. Здружението на новинари одбележа 69 години постоење.

Врачување на наградите за најуспешни книжевни остварувања во 2014 година

Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги додели годишните награди за најуспешните книжевни остварувања објавени во 2014 година. Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга ќе ја добие Радован Павловски, наградата „Стале Попов“ за најуспешна прозна книга ќе му биде врачена на Божин Павловски, а Георги Сталев ќе ја добие наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критики. Наградата „Ванчо Николески“ за...

Објавен романот „Седмиот ден“ од Ивица Челиковиќ

„Македоника литера“ од Скопје неодамна го објави романот на македонскиот писател Ивица Челиковиќ, „Седмиот ден“. Ова е втор роман на Челиковиќ, во кој, исто како и во првиот, „Зад источната линија“, пишува на иселеничка тема, за илузиите, патешествијата и за лавиринтите во македонските и во балканските емигрантски кругови во Европа, но овојпат во една поширока рамка на идентитетски прашања. Ивица Челиковиќ...

Филмот „Момчештво“ со најмногу награди „Златен глобус“

Филмот „Момчештво“, кој се снимаше 12 години, освои најмногу награди на годинешниот „Златен глобус“, што се одржа вчеравечер во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверели Хилс. „Момчештво“ освои награда за најдобра драма, на режисерот Ричард Линклејтер му донесе награда за најдобар режисер и на актерката Патриша Аркет - награда за најдобра актерка во споредна улога. Наградата за најдобро сценарио му припадна на Алехандро Гонзалез...

Деветнаесет награди на вториот конкурс за создавање класична музика

Деветнаесет награди со вкупен износ од 3.515.000 денари се доделени на вториот конкурсен рок за 2014 година за нарачка на дела од областа на класичната музика. На конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика, до Министерството биле поднесени 36 апликации за девет различни категории, од кои само една не ги исполнила условите. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска,...

Доделени наградите на најдобрите трговски објекти

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска им додели признание во форма на плакета на најдобрите трговски објекти во седум категории, избрани на манифестација „Месец на трговијата“, проект што Градот во соработка со Агенцијата „СВАТ ресрч“ (SWAT Research) го реализира во периодот на ноември 2014 година. Истражувањето се спроведува по пат на т.н. mystery shopping, а тајните купувачи по направената евалуација...

Светиклиментовата награда ја прими ликовниот уметник Јордан Манасиески

Во Охрид завршија годинешните чествувања посветени на патронот на градот, свети Климент Охридски. Вчеравечер, на свечена академија, беа доделени и највисоките општински признанија - Светиклиментовата награда на ликовниот уметник Јордан Манасиевски и Повелбата – постхумно на фолклористот Слободан Крлески. - Сè додека постојам и каде и да бидам на овој свет, Охрид и понатаму ќе биде мојата главна инспирација за творење - рече...

Францускиот филм „Татко“, победник на годинешниот „Анимакс-фест Скопје“

Францускиот анимиран филм „Татко“ (Father) на Сантјаго Бу Грасо ја освои првата награда „Златна тула“, на четвртото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс-фест Скопје“, што се одржуваше од 4 до 6 декември во Кинотека на Македонија. На вечаршбото затворањето на фестивалот беа доделени и останатите награди. „Сребрена тула“ му припадна на „Човек на столчето“ (Man on the chair) во...

Свети Климентовата награда отиде во рацете на Јордан Манасиески

Познатиот сликар кој живее и твори во Охрид, Јордан Манасиески, е годинашен добитник на Свети Климентовата награда, додека Повелбата постхумно му е доделена на Слободан Крлески, фолклорист. Високите општински признанија ги добиваат личности кои дале свој особен придонес за развојот и за афирмацијата на градот Охрид. Манасиески е ликовен уметник кој сè повеќе ја зацврстува својата позиција на големо уметничко име...

„Уан дајрекшн“ доминираа на Американските музички награди

Бендот „Уан Дајрекшн“ доби три награди на Американските музички награди
Машката тинејџерска музичка атракција „Уан дајрекшн“ ја доби наградата за артист на годината на 42. Американски музички награди, што синоќа се одржаа во театарот „Нокиа“ во Лос Анџелес. Конкуренцијата во таа категорија беше голема со Иги Азалеја, Бијонсе, Лук Брајан, Еминем, Џон Леџенд, Лорд, Кејти Пери и Фарел Вилијамс како дел од номинираните. „Уан дајрекшн“ добија уште две награди, за омилена поп-рокерска...

„Синедејс“: „Тир“ најдобар филм во официјалната, „Исцелување“ во селекцијата „Синебалкан“

Италијанско-хрватскиот копродукциски филм „Тир“, на режисерот Алберто Фасуло, е прогласен за најдобар во официјалната селекција на 13. „Синедејс“. Одлуката ја донесоа тројцата членови на жирито, Кристин Долхофер, Едоардо Винспеаре и Лидија Мело, кои вчеравечер во киното „Милениум“ ги соопштија наградените на годинешното издание на фестивалот за европски филм. За најдобар режисер во официјалната селекција е награден Шавкат Амин Корки за ирачко-германската...

Доделени наградите „13 Ноември“

Во рамки на свеченоста, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на добитниците на признанието „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2014 година, им ги врачи наградите. Годинешни добитници на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2014 година се: од областа на науката и здравствената заштита  Илија Велев и Африм Османи, од областа на образованието и на воспитувањето - Ѓулумсев...

Gjatë fundjavës në “Boris Trajkovski” garë ndërkombëtare notimi

Qendra Sportive”Boris Trajkovski” këtë fundjavë do të jetë nikoqire e garës ndërkombëtare të notit. Ajo do të mbahet në kuadër të Ditëve të sportit, të organizuara me rastin e 70 vjetorit të çlirimit të Shkupit. Program i të shtunës fillon në orën 9 me kualifikimet, vazhdon me nxehjen në orën 16, ndërsa garat zyrtare fillojnë në ora 17. Orari i...

Канческа-Милевска ја прими виолинистката Ева Богоевска

Петнаесетгодишната виолинистка Ева Богоевска, која на 6 ноември беше прогласена за победник и го освои „Лауреатот од прв степен“ на реномираниот меѓународен Фестивал за музика „Сребрен камертон“, кој се одржа во Санкт Петербург, денеска беше примена од министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Настапот на Ева, која е добитник и на многу државни и меѓународни награди, во Санкт Петербург беше поддржан...

Вечерва на „Скопски фестивал 2014“ се избира претставник за „Евровизија“

„Скопски фестивал 2014“ ќе се одржи вечерва, во 20.30 часот, во „Метрополис арена“ во Скопје. На фестивалот во живо ќе бидат изведени 20 композиции, придружувани од Ревискиот оркестар на МРТ. Водител ќе биде познатиот македонски актер Васил Зафирчев. На фестивалот годинава за награда од 20.000 евра ќе се борат Ристо Самарџиев, Влатко Илиевски, Лена Заткоска, Александра Јанева, Наде Талевска, Сања Ѓошевска,...

Прогласени најдобрите филмови на фестивалот за планински филм – „Ехо“

Од 3 до 6 ноември во кината „Милениум“ и „Фросина“ во Скопје се одржа петтото по ред издание на Фестивалот за планински филм – „Ехо“, на кој беа прикажани голем број странски, но и македонски филмови, кои ја опфаќаат тематиката на планинските спортови. Стручното жири, во состав Влатко Галевски, Борјан Зафировски и Игор Анѓелков, наградија четири филма. Во категоријата долгометражен филм,...

Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола со 10 награди се врати од Финска

Десет награди на интернационалниот ликовен фестивал за деца и за младинци, што синоќа заврши во финскиот град Хивинка, освои Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ - Битола. Коста Хаџиантоновски, раководител на студиото, вели дека освоените одличја ја дополнуваат исклучително успешната година на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“, чии членови од секој меѓународен фестивал се враќаат со награда. Членовите на детското ликовно студио...

„Нова Македонија“ ги додели наградите за краток расказ

Добитниците на најдобар краток расказ на годинашниот конкурс на весникот „Нова Македонија“
Најдобар краток расказ на годинешниот конкурс на весникот „Нова Македонија“ е „Зелен клукајдрвец“ на Милован Стефановски. Втора награда на анонимниот конкурс доби Петре Димевски за расказот „Како душата се одвои од телото“, а трета доби Христо Петревски за „(Пре)раскажувачот“. Доделени се и три откупни награди – на Јосиф Џочков за „Последното слово  на Теохар Георгиев“, на Димитар Димовски за „Создавач...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...