fbpx

Новинарот Љубиша Арсиќ ја доби наградата „Никола Младенов“

-

Прва награда за истражувачка награда „Никола Младенов“, која ја доделува Македонскиот институт за медиуми, ја доби новинарот на „Фокус“, Љубиша Арсиќ, за серијалот текстови за исчезнатите АФИ-системи. Тој на колегите новинари им порача дека треба да продолжат да истражуваат и да пишуваат. Арсиќ рече дека го радува тоа што странските фондови почнале да даваат повеќе пари за новинари-истражувачи и дека се зголемува бројот на новинари што се пријавуваат на овој конкурс. Првонаградениот рече дека го загрижува фактот колку овие приказни имаат ефект, односно колку државните органи ги поправаат тоа што новинарите го откриваат во своите стории.

– Во оваа ситуација, сакам јавно да се оградам од новинарите без’рбетници и да кажам дека ние, новинарите-истражувачи сме тие што ќе го зачуваат достоинството на професијата – рече Арсиќ.

Втора награда доби новинарката Соња Колевска-Делевска од „Вест“ за серија текстови во кои открива силување малолетни штитеници на воспитно-поправнот дом во Велес.

Трета награда добија новинарите Сашка Цветковска, Владо Апостолов и Нела Лазаревиќ за текстот објавен на веб-страницата „Призма“, за италијанската компанија која треба да стопанисува со „Дрисла“.

Годинава МИМ додели неколку признанија и пофалници. Признанијата за новинари од разлини редакции кои обработувале иста тема ги добија Жаклина Хаџизафирова, Владимир Калински и Влатко Стојановски за темата „загадување“, додека пофалници добија Валентина Стојанчевска од „Фокус“ и Марија Митевска од „Радио Слободна Европа“.

Жирито кое одлучуваше за наградата ги повика новинарите во уште погломе број да се пријавуваат на конкурсот. Годинава имало пријавено 29 автори со вкупно 49 приказни. Од жирито кажаа дека за првпат годинава немало ниту еден пријавен текст од албанските редакции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...