сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Никола Младенов | 18 резултати

МИМ го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2022“

јануари 28, 2023

Македонскиот институт за медиуми го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2022“ во кој ќе бидат доделени три годишни награди во категориите најдобра истражувачка сторија, најиновативен новинарски производ и најдобра репортерска фотографија. На конкурсот може да се пријават сите новинари и фоторепортери кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери. Како што информираат […]

Контраспин: На Мицкоски не му е првпат да става сол врз раната за Никола Младенов

јуни 29, 2020

На 27 јуни, обраќајќи им се на граѓаните на Кочани, во рамките на изборната кампања и презентацијата на програмата на ВМРО ДПМНЕ, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, во дел од својот говор се осврна на истрагата за смртта на новинарот и основач на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, недвосмислено користејќи спин преку прашувањето до каде е […]

МИМ ги објави наградите „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

април 27, 2020

Македонскиот институт за медиуми, МИМ, го објави добитниците на наградата „Никола Младенов“. Сторијата „Жив и надграден: Лукративниот бизнис-клуб околу РЕК Битола“, на новинарот Владо Апостолов, ја освои првата награда на годинешниот конкурс „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2019. Сторијата е објавена на интернет-страницата „Призма“ и открива како се злоупотребува системот на јавни набавки […]

Атанасова Точи добитник на наградата „Никола Младенов“

март 20, 2018

Новинарката Менче Атанасова Точи е добитник на првата награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2017 година, што денеска ја додели Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Точи е добитник на првата награда за серијалот текстови за домашниот паралелен увоз на лекови, со кои се откри фалсификувањето на лековите и злоупотребите на власта за манипулирање на граѓаните со […]

Заев: Ќе бараме меѓународна истрага и за Никола Младенов

ноември 24, 2017

Граѓаните бараат одговор дали е убиен новинарот Никола Младенов, а ние бараме меѓународна истрага затоа што општеството е премногу исполитизирано и граѓаните немаат доверба во домашните институции, рече премиерот Зоран Заев, на прашањето на пратеникот Африм Гаши од Беса, дали Владата ќе побара меѓународни истраги за одредени случаи. Заев рече дека за случаите „Смиљковско Езеро“, „Никола […]

Серафиновиќ и Лупевска-Созен ја освоија првата награда „Никола Младенов“

март 7, 2017

Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска-Созен го освоија првото место на годинешниот конкурс на Македонскиот институт за медиуми, за новинарската награда „Никола Младенов“, за најдобра истражувачка сторија. Серафиновиќ и Лупевска-Созен ја добија наградата за сторија објавена во емисијата „Код“ на телевизија „Телма“, за смртта на Коста Крпач, сведок на Специјалното обвинителство и едно од лицата аболирани […]

Зошто камерите го снимија Спасов, но не и „Монструм“, Младенов и Нешковски?

ноември 3, 2016

Истрагата за случувањата од вечерта минатиот петок освен што го ставија на тапет дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска ја расветлија енигмата дали функционираат камерите на скопските сообраќајници од проектот наречен „Безбеден град“. Денешната прес-конференција на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а и „ексклузивните снимки“ што ги објави „Сител“, покажуваат дека […]

И по 20 дена од смртта на Крпач, Обвинителството сè уште „интензивно работи“

мај 17, 2016

Мистерија останува смртта на Коста Крпач, еден од 56-те лица аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, иако минаа цели 20 дена откако тој беше пронајден мртов во својот дом во Капиштец, пред кој сè уште стои паркирано комбито во кое тој пукаше. Од Основното јавно обвинителство Скопје, кое обдукцискиот наод го доби уште наредниот ден, но […]

Тимот на БИРН за „Скопје 2014 под лупа“ ја доби наградата „Никола Младенов“

март 3, 2016

Тимот на БИРН денеска го доби првото место од конкурсот за наградата „Никола Младенов“ што ја доделува Македонскиот институт за медиуми за истражувачка сторија. Наградата ја добија за истражувањето „Скопје 2014 под лупа“, како истражување кое е од особен интерес за јавноста. Второто место ѝ припадна на Билјана Николовска за документарниот филм „Кога здравствениот систем убива дете“, […]

СДСМ: Груевски ја потврди автентичноста на снимките

мај 7, 2015

Денеска Никола Груевски уште еднаш ја потврди автентичноста и вистинитоста на аудиодоказите што ги презентира СДСМ во јавноста, реагираат од СДСМ на изјавата на премиерот Груевски во вестите на телевизија „Сител“ . „Тој потврди дека сè што е објавено на досегашните 30 прес-конференции на СДСМ е целосно точно. Призна дека аудиоснимките ниту се од странски служби, ниту, […]

Случај „Младенов“: Две години сомнежи и неодговорени прашања

мај 7, 2015

На 27 март 2013 година, во ендек кај клучката Хиподром, беше пронајдено телото на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, и неговиот автомобил со кој излетал од коловозот на делницата Скопје – Велес. Настанот предизвика шок и бура во новинарските кругови и во јавноста таа изборна пролет, кои до ден-денешен не стивнуваат бидејќи […]

Опозицијата денеска нема да ја објави „бомбата“ за смртта на Младенов

март 27, 2015

Опозицискиот СДСМ денеска, кога се навршуваат две години од смртта на новинарот и сопственик на „Фокус“, Никола Малденов, нема да одржи прес-конференција на која би биле објавени снимките, кои, како што претходно беше најавувано, содржат разговори околу трагичниот настан, потврди за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. – Денеска нема да има прес-кнференција во врска […]

Две години без Младенов: Нè остави без да ни каже зошто

март 27, 2015

Точно пред две години, на 27 март 2013 година, во ендек кај клучката Хиподром беше пронајдено телото на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, и неговиот автомобил со кој излетал од коловозот на делницата Скопје – Велес. Настанот предизвика шок и бура во новинарските кругови и во јавноста таа изборна пролет, кои до […]

Новинарот Љубиша Арсиќ ја доби наградата „Никола Младенов“

март 5, 2015

Прва награда за истражувачка награда „Никола Младенов“, која ја доделува Македонскиот институт за медиуми, ја доби новинарот на „Фокус“, Љубиша Арсиќ, за серијалот текстови за исчезнатите АФИ-системи. Тој на колегите новинари им порача дека треба да продолжат да истражуваат и да пишуваат. Арсиќ рече дека го радува тоа што странските фондови почнале да даваат повеќе […]

Страна 1 од 1