fbpx

Доделени наградите на Светскиот самит за дигитални содржини и иновативни апликации

-

Наградата на Светскиот самит (WSA) е глобална иницијатива која има цел да ги избере и да ги промовира најдобрите во светот за дигитални содржини и за иновативни апликации во рамки и во соработка со Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите нации.

Годишно се наградуваат пет проекти во осум категории, односно се доделуваат вкупно 40 награди. Категориите се: е-владеење и отворени податоци, е-здравство и животна средина, е-учење и наука, е-забава и начин на живот, е-култура и туризам, е-медиуми и вести, е-бизнис и трговија и е-инклузивност и оспособување.

Наградите ги доделува жири составено од меѓународни експерти кои годинава се сретнаа во Баку, Азербејџан.

Во категоријата е-владеење и отворени податоци, награди добија земјите Литванија, Австрија, Франција, Ирска и Мексико.

За е-здравство и животна средина, наградени се Бангладеш, Мексико, Бугарија, Нов Зеланд и Бразил.

Во категоријата е-учење и наука, најдобри се Литванија, Намибија, Шпанија, Кувајт и Ирска.
За е-забава и начин на живот, наградени се Мексико, Ирска, Велика Британија, Шри Ланка и Аргентина.

Најдобри во категоријата е-култура и туризам се Естонија, Австрија, Јужна Америка, Велика Британија и Германија.

За е-медиуми и вести, награди добија Сенегал, Филипини, Бугарија, Велика Британија и Босна и Херцеговина.

Австрија, Нов Зеланд, Сингапур, Исланд и Естонија се победници во категоријата е-бизнис и трговија.

Во последната категорија, е-инклузивност и оспособување, најдобри се Шпанија, Мексико, Нов Зеланд, Индонезија и Германија.

Победниците ќе бидат поканети да ги презентираат своите иновативни производи на Глобалниот конгрес на Наградата на Светскиот самит, кој ќе се одржи во Шенџен, Кина, на крајот на јануари или на почетокот на февруари 2016 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...