fbpx
Таг: МОН

таг: МОН

Од октомври студентите ќе купуваат оброк преку специјални картички – потпишан договор меѓу МОН и Шпаркасе банка

Од новата академска година, средствата за субвенциониран оброк студентите ќе ги добиваат на наменска платежна картичка. Министерството за образование и наука (МОН) денеска склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје, која беше одбрана за банка што ќе ги изработи картичките и преку која ќе се врши исплатата. Од МОН велат дека соработката со банката ќе овозможи средствата да се користат...

МОН му ги одзеде ингеренциите за образование на Касами, во Општината Тетово не знаат за вакво нешто

Поради нераспределување на средствата од блок дотациите, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами во времетраење од 12 месеци. Ова се случи заради случајот со гимназијата во Тетово, „Кирил Пејчиновиќ“, објави Порталб.мк. „Државниот просветен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во средното општинско училиште гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово, при што...

Шаќири вети дека ќе набави географски карти, глобуси, компаси и атласи за сите училишта во државата

Од септември во сите основни училишта во државата ќе бидат на располагање новите наставни и нагледни средства по историја, географија и другите предмети, со што часовите ќе станат значително поинтересни за учениците и наставната материја полесно ќе се совладува, најавија од Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму информираат дека кабинетите по овие предмети во моментов се опремуваат со различни...

Секој наставник ќе мора да помине обуки во траење од 60 часа

Секој наставник треба во период од три години да помине обуки во траење од 60 часа, од кои 40 часа треба да се обуки од акредитирани програми, а досега, обучени се повеќе од 14 илјади наставници и 800 стручни соработници. Од Министерството за образование и наука информираат дека нова серија обучувања започнале во јуни и дека ќе траат до...

Од понеделник почнува аплицирањето за сместување во студентските домови за следната академска година

Министерството за образование и наука (МОН) вчера го распиша конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година. За претстојната студиска година за студентите се предвидени вкупно 4.480 легла, од кои 1.093 места се обезбедени за студентите во прва година, додека останатите легла се за студенти...

Почна исплатата на последните субвенции за студентски оброк за годинава

Денеска започна исплатата на субвенционираниот студентски оброк за јуни – последниот месец од академската година за кој студентите добиваат средства по овој основ. За овој месец на трансакциските сметки на студентите легнуваат по 3.080 денари, што претставува највисок износ досега исплатен за оваа намена. Овие средства се последни што студентите ќе ги добијат за оваа академска година, но и последни...

Како што ќе се печатат, така ќе се дистрибуираат новите учебници за трето и за шесто одделение

Новите наставни програми за трето и за шесто одделение, изработени согласно новата Концепција за основно образование се готови. Некои учебници се веќе одобрени и изработени и тие ќе стасаат на време до учениците, а има и такви за кои нема да се бара да се достават ракописи. На 22 јуни, надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) го...

Парите за јуни за субвенциониран студентски оброк ќе бидат исплатени следната седмица

Средствата по основ на субвенциониран студентски оброк за месец јуни ќе бидат исплатени следната недела, информираа за Мета.мк од Министерството за образование и наука (МОН), откако упативме прашање за тоа која е причината што последната исплата на средства за оваа академска година доцни со недели. ОД МОН велат дека во моментов се обработуваат податоците на студентите добиени од другите институции,...

И по два уписни рока, во „Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз Тито“ и во „Орце Николов“ има уште слободни места

Гимназиите „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ се двете училишта во кои бројот на слободни места е пополнет по два уписни рока. Интересно е дека популарните скопски гимназии „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, се училиштата во кои и по двете пријавувања, има слободни места. Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21...

Од септември ќе има нов електронски дневник, летово наставниците ќе учат како да го користат

Во текот на летниот распуст, ИТ администратори од 30 основни и 26 средни училишта ќе бидат обучени како да го користат новиот електронски дневник, соопштија за Мета.мк од Министерството за образование и наука (МОН). Обуките ќе се реализираат додека траат годишните одмори и тие мора да ја "поминат" обуката. „Се организираат обуки за примена на новите софтверски решенија за ИТ...

Наставниците ќе добиваат за 10 отсто повисоки плати, но неизвесно е од кога

Вработените во основно и средно образование во земјава треба да добијат повисоки плати за околу 10 отсто, но засега е неизвесно од кога би започнала исплатата. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), за Мета.мк вели дека всушност се работи за спогодба која летово треба да ја потпишат СОНК и Министерството за образование и наука...

Постот манипулира дека основно училиште шири ЛГБТ индоктринација

Постот има за цел да ја манипулира јавноста и да шири дезинформации. Точно е дека училиштето го има објавено Упатството на својата веб-страница, но тоа не го сторило самоволно и со цел да шири некаква индоктринација. Упатството е изработено од МОН уште во 2020 година и е наменето за сите вработени лица во основните училишта и тие се должни да...

На 26 јуни квалификациско тестирање во „Панче Караѓозов“ и во средните уметнички училишта

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека на 26 јуни (понеделник) ќе се организира квалификациско тестирање во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје за прием на средношколци за образовните профили фармацевтски техничар на албански наставен јазик. Исто така, на 26 јуни ќе се организира квалификациското тестирање и во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и...

МОН со засилени градежни активности во училиштата за време на летниот распуст

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека ги интензивира градежните активности за време на летниот распуст на учениците, со цел, како што велат, заокружување на повеќе инфраструктурни инвестиции кои ќе значат подобрени услови во основните и средните училишта во новата учебна година. Предвидени се реконструктивни активности во 50 училишни објекти во повеќе општини низ државата, а реконструкцијата се изведува...

Започна исплатата на последната рата од студентските стипендии за годинава

Денеска започна исплатата на последната рата од државните стипендии што ги добиваат студентите на додипломски студии, потврдија повеќе студенти за Мета.мк. Се очекува во наредниве денови стипендиите да им бидат исплатени на сите студенти. Со ова, МОН ги заокружува сите финансиски обврски кон студентите, кога се во прашање стипендиите за оваа учебна година. Предвидено е студентите во една академска година да...

По прашањата на Мета, МОН им исплати средства за оброк на студентите кои чекаа со месеци

После три месеци чекање и само една недела откако новинската агенција Мета.мк испрати прашања до Министерството за образование и наука (МОН), десетици студенти ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк што државата им ги должеше од март. Електронскиот систем за аплицирање не го ажурира статусот на апликациите навремено кај сите студенти, но и покрај тоа, од МОН тврдат дека...

Наставниците побараа од Шаќири да ангажира уште ментори во двојазичните училишта

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше работни состаноци со наставниците-ментори од основните училишта во земјава, како и со ангажираните образовни асистенти во ресурсните центри. Како што информираат во Министерството за образование и наука (МОН), на средбите се разговарало за воспитно-образовниот процес во земјава, како и за проблемите со кои се соочуваат за време на учебната година. „Присутните наставници-ментори дадоа предлог во...

Отворен е системот за е-пријавување во средно, крајниот рок за пријава е до задутре

На деветтоодделенците во земјава веќе им е овозможено да креираат профили на порталот за е-услуги и да се пријават електронски за упис во средно училиште, иако официјалните денови за пријавување се утре и задутре. Откако ќе се пријават, кандидатите ќе треба да ги однесат во училиште и оригиналните документи за да може да се провери веродостојноста на внесените податоци...

Учебната година заврши, a кога ќе започне следната, ќе се знае до крајот на месецов

Денеска завршува учебната година за околу 185.000 основци во Македонија. Со пригодни музички приредби, но и со „жива“ музика за полуматурантите во школските дворови, беше означен крајот на училишните обврски за изминатава 2022/2023 година. Сега следуваат завршни родителски средби и совети, на кои ќе бидат утврдени завршните оценки на учениците. Министерот за образование Јетон Шаќири за Мета.мк информира дека до...

Пријавувањето во средно годинава ќе се врши и електронски и со носење хартиени документи

Пријавувањето ученици во средно образование ќе се врши преку електронско аплицирање, а првото пријавување ќе се врши на 20 јуни до полноќ, информираат во Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму информираат дека учениците, преку линк до порталот за електронски услуги https://e-uslugi.mon.gov.mk, ќе можат да аплицираат со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk. „Првото пријавување на учениците...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...