fbpx
Таг: млади

таг: млади

Младите лесно подлегнуваат на дезинформации преку социјалните медиуми и интернет порталите

Младите се генерално свесни за проблемот со веродостојноста на изворот или квалитетот на една вест, но лесно подлегнуваат на дезинформации добиени преку социјалните медиуми и интернет портали кои претставуваат нивни главен извор на информирање. Ова е само еден заклучок од резултатите добиени од истражувањето „Критичко размислување и навиките на информирање кај младите“ спроведено во рамки на проектот „Со критичко...

Во сабота Марш за толеранција на различностите во образованието

По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, Хелсиншкиот комитет за човекови права го организира единаесеттиот Марш на толеранцијата, кој ќе се одржи во сабота, 16 ноември, со почеток од 12 часот. Маршот ќе почне пред Музејот на град Скопје, преку улица Македонија, до крајната точка на платото пред Универзитетот на ЈИЕ во Старата скопска чаршија, информираат од Хелсиншкиот комитет. „Образованието и...

Економските миграции како погодна тема за медиумски манипулации

Една од темите која е чест предмет на медиумски манипулации на Балканот, а особено во Северна Македонија е степенот на иселување кон земјите на Европска Унија. Проверките на факти на „КриТинк“ откриваат низа примери за тоа како непрофесионалното известување за оваа тема се користи за создавање лажна и претерано негативна слика, чија последица е слабеење на довербата во институциите. На...

Работилница за најчестите форми на злоупотреба на интернет и темната страна на дигиталната технологија

Злоупотребата на дигиталните уреди, како компјутери, мобилни телефони, конзоли за видеоигри и преносни уреди, ќе биде тема на дискусијата што в сабота во 12 часот ќе се одржи пред проекцијата на филмот „Хакер“ во Младинскиот културен центар во Скопје во рамките на 18. фестивал за европски филм „Синедејс“. Бројот на учесници е ограничен па затоа доколку сакате да бидете дел...

Аплицирајте на младинскиот предизвик „Generation Unlimited 2019/20“

УНИЦЕФ и Фондацијата „Телеком за Македонија“ ги повикуваат сите млади од 14 до 24 години да се приклучат на отворениот повик за креирање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост. Националниот повик е дел од младинскиот предизвик „Generation Unlimited 2019/20“ што се одвива во над 40 земји низ светот и ќе биде отворен за аплицирање до 22...

Повик до младите за создавање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост

Фондот за деца на Обединетите нации, заедно со Фондацијата „Телеком за Македонија“, денес објави отворен повик со кој се повикуваат младите иноватори да достават идеи за дигитални решенија за отстранување на бариерите со кои децата и младите со попреченост се соочуваат во образованието и во секојдневниот живот. Националниот повик, со име „Младински предизвик – дигитална инклузија“ е дел од...

Европската награда за млади за апликацијата „мЗаедница“ на Општина Карпош

Мобилната апликација за Општина Карпош, „мЗаедница“ е добитник на Европската награда за млади за 2019 година (European Youth Award 2019), во категоријата „Активно граѓанство – дигитално решение со влијание врз општеството“. Високото признание за оваа мобилна апликација произлегува од можноста што таа ја дава за директна комуникација на граѓаните со надлежниот сектор и со задолжените лица за прашањата што ги...

Младите без средства за контрацепција што можат да се земат на рецепт

И покрај тоа што невладините организации редовно реагираат, младите во Македонија сѐ уште не можат да купат ниту едно контрацептивно средство на рецент со пониска цена, која што делумно би се подмирила од Фондот за здравство. По повод одбележувањето на 26 септември - Меѓународниот ден на контрацепцијата, ХЕРА повторно предупредува за ризикот по репродуктивното здравје на младите од земјава...

Антикорупциска сатира: Украдените пари да се вратат кај народот (ВИДЕО)

Младите од „Че Теам ТВ“ го продуцираа своето второ видео. Преку сатирична содржина во повеќе продолженија тие ги третираат проблемите со кои се соочуваат сите во земјава, а особено младите. Корупцијата во Македонија е широко распространета. Во извештаите на Европската Комисија за напредокот на земјата во пристапувањето кон Европската Унија секоја година се бара посилна борба и искоренување на корупцијата...

Со серија настани се одбележува Меѓународниот ден на младите

Меѓународниот ден на младите, 12 август, денеска ќе биде одбележан со серија на настани. Со две панел дискусии што ќе се одржат во „Јавна соба“, со почеток од 18 часот, Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска ќе го одбележи овој датум. На првата панел дискусија на тема „Младински центри“, ќе говорат директорот на АМС, Дарко Каевски и Драган Атанасов...

Царовска: Високи 95 отсто искористеност на Оперативниот план за вработување лани

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година има високи 95 проценти реализација, информираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Со него биле опфатени вкупно 6,374 лица, од кои 3.359 или 53 проценти млади лица до 29 години. Царовска како посебно значајна ја потенцираше вклученоста на жените во активните...

Стартуваат шест проекти за медиумска писменост и критичко мислење

Во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк - центар за европски стратегии“, шест граѓански организации денеска во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје ги презентираа своите замисли со кои во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ во неколку градови во земјава ќе работат на развојот на критичкото мислење и...

Реактор ја промовираше веб-страницата за млади „Млади низ бројки“

Невладината Реактор - истражување во акција организираше настан под мотото „Да зборуваме за млади – Што е планот?“ на кој беа присутните беа дел од пет различни дискусии на теми и прашања кои ги засегаат младите, како што се образование, невработеност и социјални политики, граѓанско учество, здравје и релевантни алатки за младинско застапување. Во рамките на дискусиите, Блажен Малески од...

Кукан: Учеството на младите на референдумот може да биде одлучувачко

Вистинското место каде што треба да се води политичкиот дијалог и да се постигне консензус е Собранието и тој не треба да се ограничи само на политичките партии, туку во него треба да се вклучи граѓанскиот сектор, експерти и други формални или неформални групи. Ова денеска го истакна претседателот на македонското Собрание Талат Џафери на конференцијата „Поттикнување на политички дијалог...

Владата ја почна постапката за универзален снабдувач со струја за домаќинствата

На вчерашната 83. седница, на која беше донесена и одлуката за кампањата за референдумот, Владата одобрила да почне постапката за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Ќе се формира Комисија за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, во која треба да има претставници на Кабинетот на премиерот, кабинетот на вицепремиерот за економски...

Шекеринска: Со потпишувањето на договорот помалку граѓани ќе бегаат од државата

Мигрантските кризи треба да престанеме да ги гледаме како моментални проблеми со кои се соочуваме денес, а со надеж дека ќе престанат утре. Тие станаа наше секојдневие и според сите анализи се сметаат како еден од клучните феномени кој ќе влијае врз стабилноста на светот. Ова денеска го порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска на отворањето на Меѓународната летната...

DOCU.TECH ќе ги собере на едно место младите иноватори и ентузијасти за технологија

На 9 и 10 јуни во Креативниот центар „Термокис“ во Приштина неколку десетици ентузијасти за технологија и млади иноватори ќе имаат можност да разменуваат идеи, да дискутираат и да добијат совети на DOCU.TECH 2018 еден од најголемите технолошки настани на Балканот. Организатори на овој настан се Фондот за Западен Балкан, кој обезбедува и дел од финансиите, како и Фондацијата Шеар од Србија...

Економски институт: Невработеноста опаѓа затоа што младите ни одат во странство

Последиците од политичката криза во Македонија врз пазарот на трудот се неповолни, иако релативно малку се одразија врз вработеноста и невработеноста, но имаа значајно влијание врз неговата ефикасност, покажува истражувањето „Влијанието на политичката криза врз пазарот на трудот“ на д-р Верица Јанеска и д-р Александра Лозаноска од Економскиот институт при УКИМ. Во него се вели дека намалувањето на невработеноста не...

Повеќе средства за поддршка и партнерски односи со младите во институциите

Со младинските организации дискутиравме за напредокот на спроведувањето на младинските политики во рамките на ресорните институции, информираше денеска премиерот Зоран Заев по завршувањето на тематската владина седница посветена на младинските политики. Тој додаде дека ќе се организираат јавни дискусии за новиот Закон за млади, но и се донеле одлуки за формирање на важни работни групи. - Со 16,5 милиони евра, Владата...

Утре тематска владина седница посветена на младинските политики

Владата утре ќе одржи 59. седница која ќе биде тематска, односно посветена на младински политики кои Владата ги имплементира и ќе ги имплементира во иднина. „На оваа седница и претходеа серија на отворени координативни средби, организирани и координирани од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Владата, кои преку средбите и широка јавна расправа, отворија простор за предлог-политики...

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...